Анџелина Џоли, Хоакин Феникс, Мерил Стрип - актери кои одбиваат да ги гледаат своите филмови
Глумата на еден актер може да го направи филмот голем или да го уништи. Затоа и многумина од нас ги ставаат актерите на пиедестал.
А кога глумата е особено добра, тоа може да ве натера да го изгледате филмот повеќе пати, но ова правило не важи и за актерите. Голем дел од нив не сакаат да ги гледаат филмовите во коишто глумеле.
Има најразлични причини за ова. Голем дел од ѕвездите се чувствуваат несигурно кога се гледаат на големиот екран. Други пак сметаат дека штом ја снимиле сцената, нивната работа е завршена и треба да прејдат на следниот ангажман.
Без разлика на причините, списокот на актери кои одбиваат да ги гледаат своите филмови не е краток:
Џаред Лето
Оскаровецот Џаред Лето размислува слично како неговиот колега Џони Деп. Тој целосно се внесува во улогата додека снима, но штом ќе заврши снимањето повеќе нема интерес за неа и филмот.
Мерил Стрип
Една од најголемите актерки на планетава, со 21 номинација за Оскар и освоени 3 Оскари, во интервју од 2018 година има изјавено дека не гледала ниту еден од нејзините постари филмови, бидејќи премногу ќе го анализира својот изглед и настапот.
Зек Ефрон
Овој тинејџерски срцекршач не сака да ги гледа своите филмови бидејќи смета дека премногу ќе ја критикува својата глума и ќе анализира што можел да направи поинаку.
Хоакин Феникс
Одличниот актер кој се прослави со улогата во Гладијатор, а сега и во Џокер, има изгледано само два свои филмови, а не сака да се гледа себеси бидејќи смета дека тоа негативно ќе влијае на неговата глума во идните настапи.
Ендру Гарфилд
Некогашниот Спајдермен смета дека доколку гледа филм во кој глуми самиот тој, премногу ќе се фокусира на својата изведба и нема да може да ужива во приказната на филмот.
Џеси Ајзенберг
Тој смета дека гледањето на свој филм ќе го направи премногу самокритички настроен, а ова исто така му помага и во глумата бидејќи своите улоги ги доживува како да се во затворен меур, од којшто не може да влијаат на другите негови улоги.
Џони Деп
Деп, како и Лето, е еден од оние актери кои сметаат дека кога ќе ја заврши работата нема потреба повеќе да се навраќа на неа.
Рис Витерспун
Иако освои Оскар, Витерспун не сака да ги гледа своите филмови, бидејќи смета дека гледајќи се себеси евентуално ќе доведе до длабока анализа која ќе заврши со омраза кон себе.
Бен Фостер
Бен Фостер забележал дека кога ги гледа своите филмови најчесто завршува премногу критички настроен кон крајниот производ и затоа решил да се заштити себеси од таа нервоза така што нема да ги гледа филмовите во кои тој глумел.
Меган Фокс
Иако сите ќе се сложат дека е преубава, сепак Меган Фокс има изјавено дека таа е толку критички настроена кон сопствениот изглед, што не може да поднесе да гледа слики или филмови од себеси.