Анџелина Џоли, Хоакин Феникс, Мерил Стрип - актери кои одбиваат да ги гледаат своите филмови
Метју Фокс
Иако е попознат по телевизиските серии, сепак без разлика на формата на седмата уметност, актерот одбива да се гледа себеси.
Џулиен Мур
Таа не се гледа во филмови бидејќи едноставно повеќе ужива во глумата и гледањето на филмот за неа не е доволно возбудливо.
Адам Драјвер
Слично на Зек Ефрон, Драјвер премногу ги анализира своите настапи и затоа не сака да се гледа како глуми. Единствен исклучок направил за Star Wars: The Force Awakens.
Хавиер Бардем
Бардем е уште еден од оние актери кои се премногу самокритични, па така во интервју од 2012 година изјавил дека мрази како изгледа и како звучи, па затоа нема повеќе да ги гледа своите филмови.
Анџелина Џоли
Анџелина Џоли не сака да ги гледа филмовите во коишто глуми бидејќи нема доволно контрола над филмот и најчесто е незадоволна од крајниот продукт.
Харисон Форд
Харисон Форд самиот има кажано дека не е обожавател на Star Wars серијалите, но барем нив ги има изгледано, за разлика од серијалот Индијана Џонс.
Тој како и други актери смета дека штом ќе заврши со работата, нема потреба повеќе да се заморува и преоѓа на следниот проект.
Никол Кидман
Во интервју од 2009 година, Кидман има изјавено дека од сите свои филмови ги има изгледано само Мулен Руж и Австралија и тоа само по барање на режисерот Баз Лурман.
Не сака да се гледа на филм бидејќи се чувствува емоционално преоптоварена, па дури и неудобно.
Роберт Патинсон
Тој има изјавено дека кога се гледа себеси на екран се чувствува толку нервозно, што дури е болно за него.
Ема Стоун
Актерката има изјавено дека не сака да ги гледа филмовите коишто ја обележаа нејзината кариера бидејќи едноставно не сака да се гледа себеси толку долго.
Хелена Бонам Картер
Во нејзиниот случај се работи за проценка дека смета дека не може да научи ништо ново од тоа што ќе се гледа себеси како глуми, па според тоа нема потреба да се гледа воопшто. Актерката тврди дека нема поента да гледа улога која никогаш повеќе нема да ја повтори.
(О)Милена | Црнобело