10 филмови со женски главни улоги кои треба да ги изгледаат сите мајки и ќерки
10 Things I Hate About You
Ова е класика од 90-тите што треба да ја изгледа секоја девојка.
Благодарение на ликот на Кет, сите неразбрани девојки ќе почувствуваат дека не се сами. Истовремено, ќе научат да се прифатат онакви какви што се, без потреба да се објаснуваат.
https://www.youtube.com/watch?v=vpVZS5nTxh8
Nappily Ever After
Понекогаш, тинејџерките треба да се потсетат дека ни возрасните жени не знаат сè.
Вајолет, главниот лик во филмот, го минува нејзиниот живот грижејќи се за својот изглед. Наскоро сфаќа дека нејзината опсесија не ѝ дозволува да си го живее животот, па решава да се прифати себеси таква каква што е.
https://www.youtube.com/watch?v=3xh9XFxo2Hg
Legally Blonde
Можеби главната хероина Ел Вудс е на мисија да си го врати поранешното момче, но лекциите што ќе ги научи по пат се навистина важни.
Соочена со сексизам, Ел им докажува на сите, вклучувајќи и себеси, за колку всушност е способна. Таа ја наоѓа нејзината вистинска моќ и напорно работи да ја постигне својата цел.
To the Bone
Можеби ова не е среќен филм, но обработува тема за која ретко се зборува, а е проблем за многумина – нарушувања на исхраната.
Филмот суптилно прикажува како слабиот изглед е поврзан со убавина и какво влијание има тоа врз младите девојки.
Главниот лик Елен е различен вид херој – таа е несовршена и се бори, но одбива да биде жртва.
He Named Me Malala
Ова е документарец за Малала Јусафзаи, тинејџерка која им се спротивставува на Талибанците и се залага за детските права. Таа е најмладиот добитник на Нобелова награда, но во овој документарец ќе ја видите како нормален адолесцент.
Овој филм ќе ви докаже дека жените можат да бидат херои, без разлика на нивната возраст.
Спирова С. | Црнобело