10 филмови со женски главни улоги кои треба да ги изгледаат сите мајки и ќерки
Доколку сте жена, тогаш гледањето филм со главна женска улога сигурно ќе направи да се чувствувате инспирирано и моќно.
Пораките што девојчињата ги добиваат од филмовите можат да ги оформат нивните ставови и мислења за себе.
Па, ако барате добар филм за да го изгледате со вашата ќерка, без разлика на нејзината возраст, треба да им дадете шанса на следниве десет:
Dumplin’
Ова е приказна за Вилоудин, средношколка која е голем обожавател на Доли Партон и феминистка која се бунтува против традицијата на мајка си за учествување на натпревари за убавина.
Овој филм можеби изгледа како романса, но всушност ќе ве научи да бидете свои, без разлика на сè. А токму оваа порака им е потребна на многу млади девојки.
Hidden Figures
Овој филм ја раскажува приказната за трите жени со темна боја на кожа кои помогнаа во лансирањето на Џон Глен во вселената.
И покрај тоа што биле соочени со расизам и сексизам, тие ја исполниле својата цел. Математичарките Кетрин Џонсон, Мери Џексон и Дороти Воган се најсилните главни женски ликови што можете да ги видите.
Mulan
Сигурно се сеќавате на оваа класика на Дизни. Покрај прекрасната музика, сцените со борби и смешниот змеј што зборува, она што го прави филмот неверојатен е приказната на главниот лик – Мулан.
Мулан се преправа во маж, само за да го замени нејзиниот татко кој е регрутиран во војска. Таа успева да им докаже на сите дека и покрај тоа што е жена, таа е паметна, силна и одличен лидер.
Captain Marvel
Наместо да се фокусира на изгледот на суперхеројот, приказната се задржува на тоа како Керол Денверс се открива како личност. Она што ја прави Керол уште посилна, е тоа што нејзината вистинска сила доаѓа од најдрагите жени во нејзиниот живот.
A League of Their Own
Ова е преработена верзија на вистинска приказна. Филмот раскажува за група жени од првата женска професионална бејзбол лига во Америка.
Сите девојки се обидуваат да се докажат во спорт каде што доминираат мажите, додека се грижат за нивните семејства и пријатели.
Ова е одличен филм за жени кои, работејќи заедно, успеваат да создадат нешто од ништо.