8 цртани од Дизни што никогаш не беа довршени
Mort
Од Дизни сакале да ја екранизираат истоимената новела на Тери Пратчет. Приказната е за едно момче кое е одбрано од Смртта за да биде нејзин чирак. Но, за време на неговата прва задача момчето се вљубува и не си ја завршува обврската – нешто што ја менува историјата на настаните.
Проектот не бил реализиран од неколку причини. Најпрво, од Дизни се двоумеле за тоа да ја направат Смртта главен лик. Покрај тоа, правата за проектот се продавале во пакет, а од Дизни не сакале да ја купат целата франшиза.
Како и да е, ова звучи како навистина добра приказна.
Wild Life
Работата на овој анимиран филм почнала уште во 1990-тите, но проектот бил оставен во 2000-та.
Приказната била за престижен ноќен клуб кој барал нова ѕвезда. Тогаш на сцената се појавува слонот Ела од локалната зоолошка. За разлика од другите животни, таа може да зборува, но не верува во себе и во своите способности.
Сепак, таа успева да ја најде својата самодоверба и да стане позната поп ѕвезда.
Проблемот со филмот било тоа што повеќе не наликувал на детски. Имало премногу шеги за возрасни, па кога Рој Дизни го прочитал сценариото, веднаш ја запрел продукцијата.
Dumbo II
Се планирало вториот филм да продолжи веднаш после настаните во првиот. Фокусот требало да биде врз бебињата животни кои се изгубиле и разделиле во Њујорк и кои сега се обидуваат да се вратат дома.
Исто така имало идеја секој лик да претставува различна фаза од детството и сите проблеми што доаѓаат со неа.
Иако звучи навистина интересно, изгледа дека никогаш нема да го изгледаме овој филм.
Monsters, Inc. 2: Lost in Scaradise
Во 2005-та година сценаристите почнале да работат на продолжение од популарниот Monsters Inc. Дејството се случувало една година после настаните во првиот филм.
Мајк и Сули го посетуваат човечкиот свет на роденденот на Бу за да ѝ дадат подарок, но сфаќаат дека таа се преселила. После мало несогласување, главните херои се разделуваат и остануваат заробени во човечкиот свет.
Приказната звучи одлично, но работата на филмот престанала откако студиото за анимација што работело на него било затворено. На крај, вториот филм беше направен од Pixar.
Спирова С. | Црнобело