8 цртани од Дизни што никогаш не беа довршени
Знаевте ли дека правењето анимирани филмови чини многу? На пример, буџетот на филмовите како Frozen изнесува околу 150 милиони долари.
Кога ќе го земете ова предвид, јасно е дека студијата за анимација секогаш внимателно одбираат што ќе направат и целта им е секој проект да стане хит. Поради тоа, не е ни чудно што многу идеи се одбиени.
Но понекогаш, дури и најдобрите идеи и проекти остануваат незавршени од најразни причини.
Во продолжение погледнете неколку такви филмови од Дизни:
Gigantic
Овој филм бил замислен како мјузикл што ја раскажува приказната за „Џек и гравот“.
Во филмот, Џек наоѓа свет на џинови што е скриен во облаците и станува пријател со 11-годишен џин по име Има. Двајцата треба да ги запрат лошите џинови кои сакаат да го уништат и светот на џиновите, но и на луѓето.
Планот бил премиерата на филмот да биде во 2019-та, но во 2017-та година, од Дизни изјавија дека проектот е откажан.
King of the Elves
Овој филм требало да биде направен според кратката приказна на Филип К. Дик. Приказната раскажува за маж кој живее покрај Мисисипи и кој им помогнал на група самовили кои сега го избрале за нивен крал.
Мажот им помага да избегаат од злобен трол, се соочува со навистина опасна авантура и го наоѓа значењето на неговиот живот.
На почетокот се планирало филмот да биде завршен во 2012-та. Сепак, работата на филмот запрела бидејќи се појавиле проблеми со приказната, а режисерот почнал да работи и на други проекти.
The Seven Dwarfs
Во 2000-тите, од Дизни сакале да направат уште еден филм од светот на Снежана, но овој пат за приказната на џуџињата. Наводно, филмот требало да раскаже како џуџињата се сретнале и како почнале да живеат заедно.
Истовремено, требало да се опфати и приказната за злобната кралица која го земала тронот од таткото на Снежана.
Со текот на времето, фокусот на филмот се свртил кон едно од џуџињата, Глупчо, и како тоа го изгубило гласот. Приказната станала премногу мрачна за мали деца, па целиот проект бил напуштен во 2006-та година.
Newt
Овој филм бил приказна за пар гуштери кои биле последни од нивниот вид. Гуштерите биле споени од научници со цел да се спаси видот, но не можеле да се поднесат еден со друг.
Премиерата на филмот била планирана за 2011-та година, но после некое време, проектот бил откажан. Сè уште не се знае која е точната причина за ова.