10 понови хорор филмови што вистински го дефинираат жанрот
Дали и вам ви е проблем да најдете некој нов, но и добар филм? Факт е дека сè поретко гледаме филмови со нови идеи кои вистински ќе ви го задржат вниманието, па дури и ќе ве инспирираат.
Можеби хорор филмовите нема да ви бидат инспирација, но денес дефинитивно е тешко да најдете добар хорор филм.
За среќа, постојат некои понови хорор филмови што навистина го дефинираат овој жанр.
Birdbox (2018)
Овој необичен филм користи изолирање на сетилата за да предизвика страв кај гледачите. Во главната улога ја гледаме Сандра Булок, која сака да пренесе две деца на безбедно.
Светот во којшто живее таа е опустошен од зло кое ги тера луѓето да извршат самоубиство. За да го избегнат чудовиштето, ликовите не смеат да го погледнат, па во текот на речиси целиот филм нивите очи се преврзани.
Филмот доби разни критики, но сигурно ќе ве држи на прсти до самиот крај.
Hush (2016)
И во овој филм ќе бидете соочени со изолирање на сетилата. Филмот се фокусира на животот на глувонема жена која работи како писател.
Нештата тргнуваат на лошо кога на нејзиниот прозорец се појавува маж со маска.
И овој филм го користи инвалидитетот на главниот лик за да предизвика навистина неудобна атмосфера.
The Witch (2015)
Овој филм е сместен во минатото и поголемиот дел од хоророт е психолошки – нешто што неретко е пострашно од чудовиштата. Филмот ја следи приказната на семејство од 17-тиот век кое се обидува да открие каде исчезнало нивното новородено бебе.
Филмот е бавен и ќе ве тера да размислувате, па вреди да му дадете шанса.
The Babadook (2014)
Чудовиштето во овој филм најпрво се појавува како главен лик во детска книга. Главните ликови се мајка и дете кои треба да се справат со теророт што им го приредува чудовиштето.
Во филмот можеби има неколку клише моменти, но некои сметаат дека приказната има подлабоко значење. Наводно, чудовиштето е метафора за депресија или тага.
It Follows (2016)
Музиката во филмот ќе ве врати во златната ера на хорор филмовите - периодот кога излегоа класиците како Friday the Thirteenth и Halloween. Токму поради ова, овој филм е совршен за оние кои уживаат во ретро хорор филмовите.
Ова е приказна за чудовиште кое постојано ја следи својата жртва. Чудовиштето може само да оди, но штом ќе ја стигне жртвата, тоа е крај за неа. За жртвата да го избегне чудовиштето, мора да има секс со некој друг, па чудовиштето ќе почне да го следи него.