Најдобрите и најлошите филмови од 2019-та, според критичарите

Веќе сме во втората половина од 2019-та, што значи дека досега имаме видено многу филмски наслови. 

najdobrite-i-najloshite-filmovi-od-2019-ta-godina-spored-kriticharite-01.jpg

Додека некои филмови оставија навистина добар впечаток и кај гледачите и кај критичарите, некои се покажаа како вистинско разочарување.

Во продолжение погледнете ги 6-те најдобри и 6-те најлоши филмови за оваа година досега, според мислењето на познатите критичари:

6-те најдобри филмови:

Booksmart

Две средношколки кои се одлични ученички даваат сè од себе за да бидат примени во престижен универзитет. Но, како што наближува дипломирањето, сфаќаат дека на истиот факултет се примени и нивни послаби соученици.

Кај нив почнува да се јавува сомнеж дека не се забавувале доволно во средно, па се обидуваат да ја вметна целата забава од средношколските денови во една ноќ.

Критичарите сметаат дека филмот режиран од Оливија Вајлд е одлично освежување за тинејџерските филмови.

Toy Story 4

Ова е франшиза со кој пораснаа неколку генерации, а според критичарите, четвртото продолжение нема да ве разочара. Кога малечката Бони си прави нејзина играчка на училиште, Вуди добива мисија да ѝ покаже што значи да се биде играчка. Покрај неверојатната анимација, емотивната приказна нема да ве остави рамнодушни.

Avengers: Endgame

Универзумот на Марвел ја достигна кулминацијата со Endgame. Многу критичари сметат дека овој филм е одличен завршеток на 10-годишниот проект на Марвел и е доказ дека филмовите со суперхерои навистина можат да бидат неверојатни.

Us

Ова е приказна за семејство чиј одмор тргува во погрешна насока благодарение на странци кои многу наликуваат на нив. Од морничаво, дејството се претвора во застрашувачко, кога „двојниците“ пробуваат да се убијат меѓу себе.

И критичарите и публиката беа пријатно изненадени од делото на Џордан Пил и сфатија дека тој е навистина талентиран режисер.

The Last Black Man in San Francisco

Џими Фејлс се обидува да ја добие куќата на неговиот дедо која се наоѓа во срцето на Сан Франциско. Емотивната драма го прикажува неговото патување низ минатото и влијанието што го имала промената на градот врз него.

Драмата што беше дочекана со позитивни критики е една убава приказна за љубовта, семејството и загубата.

Rocketman

Во овој мјузикл се претставени тешкотиите на Елтон Џон во младоста предизвикани од славата и зависноста од дрога. Филмот е исполнет со музика кој му оддава вистинска чест на пејачот.

И критичарите и фановите на Елтон со задоволство го прифатија филмот.

6-те најлоши филмови:

Dark Phoenix

Ова е уште едно продолжение од филмовите за X-Men и овој пат ја раскажува приказната на Џин Греј. После ужасна несреќа, моќта на Џин излегува до контрола, а нејзините пријатели се обидуваат да ја сопрат без да ја повредат.

Целата франшиза си имаше и добри и лоши филмови, но критичарите сметаат дека ова е еден од полошите.

Men In Black International

Во четвртиот дел од франшизата ги гледаме Крис Хемсворт и Теса Томпсон како агенти кои работат со партнери вонземјани и се обидуваат да ја спасат нивната организација.

Но, изгледа дека ниту актерите не го спасија филмот од лошите критики. Сепак, оригиналната трилогија постави навистина високи стандарди.

After

Направен според популарната истоимена новела на Ана Тод, After е приказна за младата ученичка Теса, која се вљубува во нејзиниот мистериозен соученик.

Многу критичари се разочарани од целиот заплет, па дури и се прашуваат дали воопшто може да се извлече нешто важно од филмот.

https://www.youtube.com/watch?v=65KissegON0

Hellboy

Многу критичари, но и фанови, сметаат дека филмот воопшто не требало да биде снимен, особено кога ќе се земат превид двата претходни и одлично направени филмови од Гиљермо дел Торо.

Наводно, филмот целосно ја промашил поентата на оригиналната приказна.

https://www.youtube.com/watch?v=JKwEXCgROtc

The Professor

Џони Деп го гледаме во улогата на Ричард, професор кој е дијагностициран со смртоносна болест. Поради ова, тој решава воопшто не ги следи правилата за предавање.

Според многу критичари, филмот одвреме-навреме воопшто нема смисла, а со текот на времето станува сè поздодевен.

Replicas

Семејството на научникот Вилијам Фостер е убиено во ужасна сообраќајка, па тој се обидува да ги помести границите на науката и да ги врати во живот.

Многу критичари го нарекоа филмот „неверојатно ужасен научно-фантастичен трилер“, па дури и се прашувале за целото дејство. Иако главната улога му припаѓа на Киану Ривс, ретко кој има добар збор за филмот.

https://www.youtube.com/watch?v=ze_ANsckvS0

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 филмови на Нетфликс снимени според вистински приказни First They Killed My Father е потресен филм во режија на Анџелина Џоли кој ја по...
Рајан Гослинг и уште 8 познати актери кои добиле отказ од филм (и зошто) Меган Фокс го навреди режисерот на серијалот Transformers, го спореди и со Хитле...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg