11 инспиративни филмови што ќе ве натераат да преземете нешто во врска со вашите цели
6. On the Basis of Sex (2018)
Направен според животната приказна на Рут Бејдер Гинсберг, филмот раскажува за младата адвокатка кој станува врховен судија. Таа ја посветува нејзината кариера за да се бори против половата дискриминација.
7. Dead Poets Society (1989)
Робин Вилијамс и овој филм ќе ви го дадат мотото што ви треба до крајот на годината. Робин Вилијамс го гледаме во улогата на професор по англиски кој ги инспирира неговите ученици „да го зграпчат денот“.
https://www.youtube.com/watch?v=4lj185DaZ_o
8. The Pursuit of Happyness (2006)
Вил Смит го глуми самохраниот татко кој ќе направи буквално сè за неговиот син. Филмот е направен според вистинска приказна што нема да ве остави рамнодушни.
9. Erin Brokovitch (2000)
Филмот е направен според вистинската Ерин Брокович, невработена самохрана мајка која мисли дека целиот свет е против неа, сè додека не е најмена од правна фирма. Таа започнува да ја води истрагата за една од најголемите тужби, која вклучува на прикривање на милијардерска фирма.
https://www.youtube.com/watch?v=HCQGydFK_hM
10. The Blind Side (2009)
Сандра Булок ја глуми Леј Ан Туохи, мајка која почнува да се грижи за Мајкл Охер, тинејџер бездомник кој е одличен фудбалер. Има нешто инспиративно во добрите спротски филмови, а овој е можеби еден од најдобрите.
11. Moana (2016)
Оваа девојка е силната и независна Дизни принцеза која отсекогаш ни требала. Храброста на Моана нема да ве остави рамнодушни, а песната „How Far I'll Go“ ќе ви биде хит до крајот на животот.
Спирова С. | Црнобело