Најдобрите филмови на Стенли Кјубрик
Филмските критичари не можат да се сложат околу тоа кој режисер е најдобар, особено бидејќи секој ден запознаваме нови, млади уметници кои тек треба да се докажат во филмската индустрија.
Сепак, влијанието што го оставил Стенли Кјубрик е непобитно, па можеме да го наречеме еден од најдобрите режисери во филмската историја.
И покрај фактот што последниот филм на починатиот режисер излезе одамна, денес ретко кој љубител на седмата уметност не слушнал за Стенли Кјубрик.
Можеби не сте знаеле дека овие филмови се негови, но никогаш не е доцна да се научи нешто ново.
Ова е наш избор на најдобрите филмови на Стенли Кјубрик:
Eyes Wide Shut (1999)
Иако актерскиот тим е одличен, а улогата на Никол Кидман е фантастична, се чини дека остатокот од филмот ја губи режисерска нишка, поради своето долго времетраење (речиси три часа).
Но ова не ги спречило луѓето да го третираат овој филм како одлично психолошко истражување на човечката психа и сексуалност.
Lolita (1962)
Многумина сè уште сметаат дека овој филм е најпроблематичното дело на Кјубрик, што не е изненадувачки со оглед на тоа што е снимен според една од најконтроверзните книги на сите времиња.
Оваа контроверзија не била пречка во неговата кариера, и покрај темата на педофилија. Кјубрик во овој филм за прв пат покажал дека има интересна смисла за хумор со вметнување на Питер Селерс во неколку улоги.
The Shining (1980)
Веројатно знаете многу сцени од овој филм, дури и доколку не ви е гледан. Секој момент од филмот е напнат и страшен, а многумина биле инспирирани токму од овој филм.
Full Metal Jacket (1987)
Ова дефинитивно не е единствениот воен филм за Виетнам, особено не во тој период, но дефинитивно вреди да се гледа. Кјубрик одбил да ја напушти Англија за време на снимањето, па е целиот филм само сценографија и импровизација.
Сепак, благодарение на импресивните улоги и некои незаборавни цитати, филмот успеал во своите намери, а тоа е да го прикаже ужасот на војната.
A Clockwork Orange (1971)
Уште еден контроверзен филм според контроверзна книга. Тежината на филмот, како и неговиот квалитет, е неопислива. Зад целото насилство стои една многу важна порака, доколку имате храброст да го изгледате филмот до крај.
https://www.youtube.com/watch?v=xHFPi_3kc1U
Dr Strangelove or: How I Learned to Stop Worrying and Love the Bomb (1964)
Уште една соработка со Питер Селерс. Овој филм е полн со хумор, но во исто време е и страшен кога ќе размислите колку сè делува смешно но вистинито.
Многу теми се провлекуваат низ филмот, а крајот е нешто што едноставно мора да го видите.
2001: A Space Odyssey (1968)
Несомнено, неговиот најдобар филм, кој никогаш не старее од денешна перспектива. Приказната за развојот на човечката свест е прикажана преку комплексна приказна и фантастичен визуелен приказ.
Ашера | Црнобело