Мајстор на хоророт, но и емотивните приказни: Најдобрите филмски адаптации на книгите на Стивен Кинг
Покрај тоа што е еден од најпознатите автори на своето време, Стивен Кинг ја има среќата скоро сите негови книги да бидат екранизирани и на филмското платно, а некои од нив имаат дури и повеќе од една адаптација.
Најнов таков случај е филмот кој се очекува оваа година „Pet Sematary“ или „Гробишта за миленичиња“, којшто е втората филмска адаптација на новелата од 1983 година.
Со оглед на тоа што делата на Стивен Кинг се преработени во преку 100 филмови, ТВ и мини серии, не е воопшто лесно да се направи избор на најдобрите филмски адаптации на неговите книги.
Сепак, листата изгледа вака:
8. „Christine“ 1983 година
Режисерот на овој филм е Џон Карпентер и е адаптација на истоимената новела на Стивен Кинг. Темата на филмот се врти околу млад тинејџер којшто ќе купи стар црвен Плимут автомобил, што ќе се покаже дека е опседнат.
https://www.youtube.com/watch?v=9aU5l2e9YlQ
7. „Pet sematary“ 1989 година
Ова е можеби еден од најстрашните филмови, адаптација на дело на Стивен Кинг. Овој филм започнува со стравотна сообраќајка и до крајот не ви дозволува да се опуштите, а се работи за гробишта коишто ги оживуваат мртвите.
6. „The Mist“ 2007 година
Темата на овој филм е појавата на густа магла го обвива малото гратче во Мејн и започнуваат да се појавуваат мистериозни и стравотни суштества. Ова предизвикува целиот град да западне во дивјаштво, а преостанатите жители се принудени заедно да се спасуваат.
5. „Carrie“ 1976 година
Овој филм е базиран на првата издадена новела на Стивен Кинг и се разбира тоа е и првиот филм сниман врз база неговите дела. Режисер на овој филм е Брајан Де Палма, а се работи за 17-годишната Кери, ќерка на религиозно фанатичната мајка којашто ја малтретира и ќе предизвика девојчето да дознае дека има скриени телекинетички моќи.