Мајстор на хоророт, но и емотивните приказни: Најдобрите филмски адаптации на книгите на Стивен Кинг
4. „IT“ 1990 година
Првин, ова дело на Стивен Кинг било адаптирано како мини-серија од два дела во траење од три часа. Приказната се врти околу група на деца коишто се трудат да го запрат кловнот убиец.
3. „The Shawshank redemption“ 1994 година
Ова е можеби најпознатиот филм на Стивен Кинг, којшто истовремено има добиено и дури седум номинации за Оскар, а нам ни е познат како „Бегството од Шошенк“.
2. „The Shining“ 1980 година
Режисерот Стенли Кјубрик е заслужен за оваа страшна и грозоморна адаптација на истоимената новела од Стивен Кинг. Џек Николсон го глуми главниот лик, писател којшто е опседнат од злобни сили кои го запоседнале хотелот во којшто престојува тој со фамилијата.
1. „Stand by me“ 1986 година
Слично како „Бегството од Шошенк“, така и оваа адаптација на приказната на Стивен Кинг, насловена „The body“ не е исполнета со вообичаениот хорор којшто преовладува во неговите книги и филмови.
Филмот се врти околу група од четири деца и е една од најубавите приказни коишто се раскажани за периодот помеѓу адолесценцијата и созревањето. Овие четири деца ќе се упатат на прошетка за време на викендот и ќе го пронајдат мртвото тело на друго дете, коешто било исчезнато пред неколку дена, длабоко во шумата.
https://www.youtube.com/watch?v=lnY_j85MidU
(О)Милена | Црнобело