Филмови од Канскиот филмски фестивал 2018 што вреди да ги изгледате
Бисерот на азурниот брег, монденскиот Кан, и оваа година го собра џет сетот и филмаџиите од целиот свет по повод 71-вото издание на традиционалниот филмски фестивал.
Оваа година Кански се одржува од 8 до 19 мај, а претседател на жирито е актерката Кејт Бланшет.
Висока мода на црвениот тепих, многу возбудливи моменти, но секако во фокусот е седмата уметност. Дури 21 филм се во трката за наградата Златна палма која се доделува на фестивалот од различни делови на светот.
Кои филмови вреди да ги изгледате од овогодишниот Кански?
Everybody Knows
Филмот кој го отвори фестивалот (ориг. наслов Todos lo saben) е шпанска драма со примеси на трилер со брачната двојка Пенелопе Круз и Хавиер Бардем во главните улоги.
Каролина, Шпанка која живее во Буенос Аирес се враќа назад во родното место во непосредна близина на Мадрид, заедно со својот аргентински сопруг и децата. Но, неочекувани настани го замрсуваат враќањето и тајните почнуваат да испливуваат на површина.
https://www.youtube.com/watch?v=ILnhmDi-lqA
Girls of the Sun
Францускиот (ориг. наслов Les filles du soleil) е кандидат за Златната палма оваа година на Кански. Некаде во Курдистан, Бахар е главен командант на курдскиот женски баталјон, „Девојките на сонцето“.
Таа ќе го врати градот Кордуен, каде што таа беше заробена од екстремистите. Матилде, француски новинар ги покрива првите три дена од офанзивата. Мажите во црно кои го смениле животот на Бахар повторно испливуваат на површина како демони кои ја прогонуваат.
BlacKkKlansman
Американската крими-драма според сценарио и режија на Спајк Ли е работен според романот Black Klansman на авторот Рон Сталворт, односно неговата вистинска приказна.
Рон е првиот афро-американски полицаец кој успеал да се инфилтрира во Кју Клукс кланот во 1979 година и заедно со неговиот партнер ги ризикувале своите животи да стигнат до највисокото ниво на озлогласениот клан.
https://www.youtube.com/watch?v=pPSg01JV7-s
Cold War
Полскиот кандидат „Zimna wojna“ за Златната палма е драма која ја раскажува страсната љубовна приказна помеѓу двајца луѓе со различно потекло и темпераменти.
Тие навидум воопшто не си одговараат еден со друг, а љубовта мора да ги помине препреките на студената војната во ’50-тите години во Полска, Верлин, Југославија и Париз.
https://www.youtube.com/watch?v=pNiyJwK_BFo
Under the Silver Lake
Крими-драма со примеси на комедија, овој американски филм го следи Сем, кој запознава убава мистериозна девојка која плива во базенот на неговата зграда.
Таа ненадејно исчезнува следното утро, а Сем се опседнува со неа и ја започнува потрагата по девојката низ Лос Анџелес која го води до скриени тајни, скандал и заговори.
Happy as Lazzaro
Оригиналниот наслов на овој италијански филм – „Lazzaro felice“, ја следи приказната на Лазаро, млад и добар селанец, за кого сметаат дека е лековерен и наивен.
Танкреди е човек од повисоката класа кој има навистина бујна фантазија. Животот во селото каде што живеат станува неподнослив, па двајцата главни ликови оформуваат чудно пријателство кога Танкреди го замолува Лазаро да му помогне во неговото сопствено лажно киднапирање.
Shoplifters
Јапонскиот „Manbiki kazoku“ прикажува семејство на ситни криминалци и крадци кои наоѓаат девојче кое смрзнува од студ на улица и решаваат да го присвојат на некој начин.
Иако се многу сиромашни и одвај врзуваат крај со крај, тие навидум изгледаат среќни, сè додека животот не започне да ја тестира силата на семејната љубов и поврзаност.
https://www.youtube.com/watch?v=3zJ3_JZnH_Q
(О)Милена | Црнобело