7 филмови кои најдобро ги опишуваат случувањата во модната индустрија
Филмот и модата се два поврзани света. Тие се меѓусебна инспирација уште од почетокот на кинематографијата.
Секогаш кога гледаме некој филм, се обидуваме да ги препознаеме дизајнерите кои стојат позади парчињата облека на големото платно.
Истото се случува и на доделувањата на филмските награди, каде освен актерите и актерките кои се појавуваат во своите најдобри изданија, пофалби добиваат и креаторите на облеката.
Филмовите кои се категоризираат како филмови во кои имало најдобра облека и најдобар стил, отсекогаш претставувале инспирација за „обичните смртници“, а со тоа модните куќи добиваат поголема слава. Но, секако има и такви кои го исмеваат овој моден свет.
Во продолжение погледнете кои 7 филмови најдобро ги опишуваат случувањата во модната индустрија:
„Zoolander“
Дали се имате запрашано која е смислата на животот освен да изгледаме неверојатно добро? Филмот на Бен Стилер, „Зулендер“ (2001) е смешна имитација на модната индустрија. Во овој филм може да се забележат имитации и исмевања на секој познат човек од раните 2000-ти.
„Coco Before Chanel“
Францускиот филм „Коко пред Шанел“ ги истражува почетоците на легендарната дизајнерка Коко Шанел и покажува како се искачила до врвот. Одри Тоту на елегантен начин ја одигра оваа улога во филмот којшто излезе во 2009-та година, а со тоа покажа колку ја цени и почитува Коко Шанел.
„A Single Man“
Првиот филм којшто Том Форд го има режирано е ништо помалку од воодушевувачки. Улогите ги толкуваат оскаровците Колин Фирт и Џулиен Мур, а во филмот е прикажана врската на геј вдовецот Џорџ кој се вљубува во неговиот студент. Целиот филм изгледа како да е излезен од најдоброто списание, а парчињата облека коишто ги носат актерите се муза за модната индустрија.
https://www.youtube.com/watch?v=sC9Zm1UJ7zs
„The Devil Wears Prada“
За оние кои го немаат гледано ова не е филм со модна содржина, ова е филмот за мода! Номиниран за Оскар, во овој филм Мерил Стрип ја игра улогата на Миранда Пристли, уредник на модната писта чиј што лик претставува мала прикриена карикатура на добро познатата Ана Винтур. Погледнете го и потсетете се на модата во 2000-та, како и на најдобрите денови на „Прада“ и „Шанел“.
https://www.youtube.com/watch?v=XTDSwAxlNhc
„Gia“
Анџелина Џоли ја има главната улога во овој трогателен филм за Џиа Каранџи. „Џиа“ се појави на големото платно во 1998-ма година и покажа како Џиа стана една од првите американски супер-модели, но и како потоа пропадна поради зависноста од дрога. Овој филм е тежок за гледање, но дефинитивно го заслужува вашето внимание.
https://www.youtube.com/watch?v=v2xVI8D2PCY
„Saint Laurent“
Овој биографски филм го истражува занимливиот карактер на Ив Сент Лорен. Филмот го покажува францускиот дизајнер додека бил на врвот на кариерата, но и додека се борел со личните проблеми во доцните 60-ти и рани 70-ти години.
„Phantom Thread“
Даниел Деј-Луис за овој филм кажа дека ќе биде негов последен. Овој актер кој е добитник на 3 Оскари ја игра улогата на Рејнолд Вудкок, човек опседнат во својот приватен и професионален живот, кој започнува врска со млада, убава келнерка. Номиниран за Оскар, овој филм дефинитивно морате да го погледнете.
С. У. | Црнобело