Децата се дружат и во приватен живот: 20 факти за сите вистински фанови на Stranger Things
Stranger Things е серијата која зема голем замав во последниов период и речиси нема кој не ја гледа.
Сите се опседнати со неа, а неодамна откривме и зошто сите го сакаат Дастин, 15-годишниот тинејџер кој го освои светот.
Популарната серија освои многу гледачи, како во светот, така и кај нас, па доколку сте и вие вистински фан на Stranger Things, треба да знаете и некои други факти поврзани со серијата.
1. Креаторите на серијата, Мет и Рос Дафер, се 33-годишни близнаци од Северна Каролина
Тие велат дека средното училиште било ужасно искуство за нив, двајцата го мразеле и се чувствувале како „аутсајдери“.
2. Серијата се снима во Атланта
Но, дејството во серијата се одвива во измислен град во Индијана, наречен Хокинс.
3. Браќата Дафер ја претставија серијата со тест (pilot) сценарио и лукбук од 20 страни
Книгата беше создадена да наликува на новела на Стивен Кинг. „Буквално земавме корица од книгата Firestarter и ископиравме слика од велосипед над неа и го променивме фонтот во наш фонт“ – вели Мет.
4. Тие исто така ја претставиле серијата со лажен трејлер
„...што мислам дека беше малку ниско. Но сите рекоа дека треба да го направиме тоа.“ – вели Мет.
5. Се соочиле со многу одбивања на почетокот
„Првата недела, мислам дека имавме 15 претставувања и сите беа само пролазни. Имаше момент кога помисливме дека луѓето не ја разбираат поентата.“
6. Им било кажано дека децата нема да привлечат гледачи
Барем не како главна улога во серија која не е наменета за детска публика. Грешка!
7. На аудиција имало околу 1.000 деца
8. Фин Волфхард (Мајк) бил на аудиција од дома во кревет
...бидејќи бил болен.
9. Не е сѐ скапо
Според Нетфликс, трејлерот на Хопер е купен за 1 долар.
10. Мили Боби Браун навистина ја скратила косата за првата сезона
Таа објави видео од кратењето на косата, а според браќата Дафер, на родителите не им се допаѓала идејата, но Мили немала проблем со тоа.
https://twitter.com/milliebbrown/status/767428947655155712?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fpeople.com%2Fstyle%2Fmillie-bobby-brown-talks-shaving-off-her-hair%2F