10 потценети филмови на кои треба да им го дадете заслуженото внимание
Понекогаш мислењето на критичарите го засенува нашиот избор на филмови, па радо ги прескокнуваме оние кои не добиваат доволно внимание.
Но, време е да им го дадете она што го заслужуваат – дел од вашето време и да го надоместите она што сте го пропуштиле. Нека овие 10 квалитетни филмови се најдат на следната листа на она што ќе го изгледате:
Winter's Bone (2010)
Млада девојка која живее во планински предел се обидува да го одржи семејството кое преостанало. Таа е во потрага по нејзиниот татко дилер, а лошата вест е што и нејзината мајка е зависник од дрога.
Lucky Number Slevin (2006)
Интересен и прилично замрсен филм, откако главниот лик Слевин неочекувано ќе се најде во средина на војната помеѓу двајца опасни криминалци кои се ривали. Тој мора да смисли подеднакво интригантен и опасен план со цел да се ослободи од нив, само поради тоа што ќе му го згрешат идентитетот.
Maria Full of Grace (2004)
Марија Алварез е бремена колумбиска тинејџерка која ќе стане пренесувач на дрога, со цел да му помогне на своето семејство да преживее.
Hanna (2011)
Одлична акција во која 16-годишната Хана е обучувана целиот живот од страна на својот татко да стане професионален платен убиец, која наскоро ќе биде пратена на опасна мисија во Европа.
Layer Cake (2004)
Успешен дилер на кокаин решава предвреме да се пензионира. Ноќта кога ја носи одлуката добива две опасни задачи од страна на неговиот шеф.