Најтешките филмски сцени за гледање
Гледањето филмови би требало да не релаксира, да ни биде едно бегање од реалноста во светот на фантазијата каде што забораваме на сите наши проблеми. Но, што се случува кога некои филмски сцени се помногу понепријатни од реалниот живот?
Еве неколку сцени на кои сигурно сте ги покривале очите:
1. “Hanibal”, сцената со јадењето на лицето
Иако стандардите затоа што е прифатливо да се прикажува на телевизија веќе се многу променети, има некои работи кои сепак не би сакале да ги видите. Како сцената во која Ханибал си го лупи лицето и го јаде па дури дава малку и на своето куче.
2. “The X Files”, епизодата “Home”
Некои луѓе тврдат дека оваа епизода е најдобрата епизода која е снимена во историјата на научно фантастичните филмови. Сепак, не е многу пријатна за гледање. Во епизодата има сцена каде браќа мутанти се репродуцираат со нивната мајка на која и се ампутирани рацете и нозете и тие ја чуваат под својот кревет.
3. “Game of Thrones”, епизодата “Breaker of chains”
Инцестот е веќе видено нешто во серијата па затоа режисерот одлучил да додаде уште понепријатна сцена и од таа. Всушност во оваа епизода Џејми без согласност одлучува да има секс со неговата сестра до телото на нивниот мртов син. Баш кога мислевме дека овој серијал не може да стане понепријатен за гледање.
4. “Girls”, сцената со сексуално понижување
Иако во овој серијал има премногу секс сцени тие сепак успејаа да ги поминат своите граници со сцената каде Адам сексуално ја понижува својата девојка на многу непријатен начин. Фановите сепак ја бранеа сцената и велеа дека била комплетно потребна со цел да се прикаже вистинската комплексност на карактерите во филмот.
5. “Pulp Fiction”, сцената со содомија
Буч и Марселул се опасни момци се додека не им вперат пиштол во главата и не ги заврзат во подрумот на една заложничка куќа. Едниот од нив успева да избега но сепак одлучува да се врати да го спаси својот пријател но го наоѓа во најлоша ситуација како е содомизиран.
6. “Saving Private Ryan”, сцената со бавно убивање
Еден од американските војници се бори со германски војник. Тие двајца се борат за еден нож кога германецот успева да го надвладее во сила на Американецот и овде ја прикажуваат една од најтешките сцени за гледање со бавно умирање. Овие сцени ви прават да незнаете дали да ги затворите очите или гневно да викате на вашиот Тв екран.
7. “City of God”, сцената со пукањето во дете
Во овој филм нема многу емпатија, но сепак оваа сцена е премногу тешка за гледање. Всушност водичот на една банда фаќа група на мали криминалци додека имаат состанок и додека сите успеваат да избегаат еден од нив е премногу бавен и го фаќаат. Детето кое не може да има повеќе од 10 години ги намокрува панталоните од страв додека лидерот на бандата му остава избор дали да му пука во раката или во ногата. Детето избира во раката и потоа следува ужасната сцена каде му пукаат во стапалото.
8. “Bug”, сцената со вадењето на заби
Бивши војник станува доста параноичен после војната. Цело време мисли дека има бубачки кои го следат и се имплементирани во него. Така за да ги извади бубачките почнува сам да си ги вади забите затоа што мисли дека се скриене позади нив.
А. В. | Црнобело