Викенд предлог: Филмови со кои ќе се релаксирате и ќе заборавите на сè
Смеата е добредојден гостин во сечиј дом. А, ако немате доволно од неа, тогаш топло ви препорачуваме да погледнете некој лесен, смешен филм, да уживате и да си донесете насмевка на лицето.
Филмови за да заборавите на грижите и сè друго и да се препуштите само на смеата:
1. „Un prince (presque) charmant“ (2013)
Човек во своите 40-ти секогаш се фокусирал само на својата кариера, но случајно запознава слободоумна, весела жена и за првпат губи контрола над сопствениот живот.
2. „Demain tout commence“ (2016)
Семјуел знае само за забава, но едно утро се појавува жена која тврди дека носи негово дете.
3. „Hunt for the Wilderpeople“ (2016)
Во Нов Зеланд се распишува потрага по мало дете и неговиот чичко, без да знаат што тие прават.
4. „Skiptrace“ (2016)
Детектив од Хонгконг и коцкар од Америка решаваат заедно да се борат против криминалците во Кина.
5. „A Hologram for the King“ (2016)
Човек решава да замине за Саудиска Арабија и да ја продаде својата неуспешна компанија на богат монарх.
Уште 5 филмови на следната страна...