Филмска рецензија: Сите чекаат да се пушти Valerian во киносалите
Во август ќе имаме можност да го погледнеме новиот филм на реномираниот француски режисер Лук Бесон.
Бесон е автор на култните филмови како: „La Femme Nikita“, „Léon: The Professional“ и еден од неговите најголеми хитови, научно фантастичниот филм, „The Fifth Element“ од 1997-та година.
Valerian and the City of a Thousand Planets е филмска адаптација на стрипот креиран од сценаристите Пјер Кристин и Жан-Клод Мезиере објавуван од 1967-мата до 2010-тата година.
Режисерот самиот најавил дека долго чекал да направи филм инспириран од овој стрип за да се развие технологијата за специјални ефекти и да направи достоен приказ на стрипот.
На истиот работеле преку 1.800 луѓе, а за специјалните ефекти биле задолжени WETA, ILM и Rodeo FX - студијата кои работеа на хитовите како „Avengers“ и „Avatar“.
Во филмот, специјалните агенти Валеријан и Лорелај се пратени на мисија до интергалактичкиот град Алфа, град сочинет од неколку планети каде живеат 17 милијарди жители и заедно работат на технолошки напредок на целата цивилизација и вселената.
Улогите на Валеријан и Лорелај ги преземаа Дејн Дехан и Кара Делевињ.
Во филмот се појавува и Ријана.
https://www.youtube.com/watch?v=Ji1vmSWU3S0
Да го погледнеме последниот, официјален трејлер за филмот кој се очекува да биде вистински хит:
Н. Г. | Црнобело