Другата страна на негативците на Дизни
Има многу негативци на Дизни со кои многу сочуствуваме како Капетанот Кука, кој страдал од многу лоша несреќа во која ја изгубил својата рака, Гастон од „Убавицата и Ѕверот“ кој и не всушност лош карактер, и Лошка за која сите ја научивме приказната после филмот со Анџелина Џоли.
Но дури и некои од најзлобните негативци заслужуваат доза на сочувство, како овие 4:
1. Злобната маќеа на Пепелашка
Пред да се ожени со таткото на Пепелашка, нејзината маќеа била самохрана мајка на две доста разгалени ќерки. Додека биле во брак, таткото на Пепелашка останал до крај со неа затоа што била добра мајка на сите три деца.
Всушност смртта на нејзиниот сопруг ја претворил во социопатот во кој потоа се претвора. Теории на фановите на филмот откриваат една нова страна на маќеата што досега не сме ја виделе, тие велат дека таа всушност многу патела после смртта на сопругот и кога по вторпат била самохрана мајка ожалостена од суровоста на животот си ги лечела фрустрациите врз Пепелашка затоа што многу ја потсетувала на нејзиниот покоен сопруг.
Исто така, сакала да најде потенцијален сопруг за нејзините ќерки и да ги омажи затоа што било неверојатно тешко да ги воспитува сама без сопруг.
2. Круела Де Вил
Круела де Вил страда од многу ментални болести, таа само сака да направи бунда од крзно од кучиња.
И тоа не од влакнести мали кученца туку од Далматинци. Тоа на крај сигурно би била многу грда бунда, но таа се чувствува како да мора ја има.
Таа е ужасно анорексична, има некоја опсесија со баланс на црната и белата боја, и е опседната да убие 100 кучиња за една бунда.
Теориите на интернет кажуваат дека таа била воспитана многу лошо од нејзините родители и имала ужасно детство што довело до нејзината психопатска состојба.
3. Злобната кралица од Снежана
Кој не би се чувствувал ужасно без самодоверба, ако има дома огледало кое му кажува кој е по ред во убавина во светот.
Знаеме дека огледалото цело време ѝ кажува дека таа е најубава, но кога открива дека Снежана е поубава од неа, таа која цел живот живее доста осамен живот затворена во палата, ја губи самодовербата и сфаќа колку веќе не е значајна.
Во нејзиниот случај сè што знае таа во животот е да биде атрактивна и кога го губи тоа, се губи и самата себе па се осврнува на уништување и на Снежана.
4. Урсула
Урсула можеби е најпаметниот негативец во приказните на Дизни. Таа сигурно студирала право и има некои импресивни потези.
Таа всушност ги следи правилата и законите, потпишува фер договор со Ариел и игра по согласност на договорот.
Потоа само бара фер замена за слободата на Ариел со тризабецот на Тритон. Во ниеден случај не измамува никој и не крши ни едно правило.
Додека Ариел беше на копно и се занимаваше со принцови, вилушки и слично, а нејзиниот татко ги вежбаше мускулите под вода, Урсула всушност тешко учеше право и го чекаше својот момент.
А. В. | Црнобело