Убавицата и ѕверот доминираше на „MTV Movie and TV Awards“
Убавицата и ѕверот беше филм кој посебно доминираше на MTV Movie and TV Awards.
Како за почеток, самото шоу се отвори со песна од филмот, а актерката Хејли Стајнфилд беше во улога на Бела.
Потоа, самиот филм освои две награди - За филм на годината и Ема Вотсон за Најдобар актер во филм (Ова е прва награда каде не се спомнува полот на актерите).
Како за крај, следеше прекрасниот говор на Ема.
За време на говорот таа ја искористи можноста да ја нагласи важноста на оваа награда и што значи за неа како прв актер кој ја добил.
„Првата награда во историјата која не ги одвојува номинираните на основа на нивниот пол зборува многу за тоа како го перципираме човечкото постоење“ - изјави таа.
„Тоа што MTV креираа награда каде не се спомнува полот за сите ќе значи нешто различно, а за мене е знак дека актерството е способност да се ставите во туѓите чевли“ - додаде таа.
Преслушајте го целиот говор:
Сите фотки од отворањето, Ема и нејзините колеги:
Н. Г. | Црнобело