10 највознемирувачки филмови снимени досега
Постојат филмови кои нè потсетуваат колку прекрасни може да бидат луѓето. Од друга страни, има и такви кои илустрираат колку истите може да бидат сурови, изопачени, мрднати и злобни.
Содржината на овие 10 филмови е толку неверојатно вознемирувачка што одвај ќе ги изгледате со отворени очи. Предупредуваме дека содржат експлицитни сцени на насилство и не се препорачливи за деца под 18 години.
Воедно, грицки не ви се потребни бидејќи не веруваме дека би сакале да јадете што било додека ги гледате следите 10 филмови кои ќе си поиграат со важиот желудник и нерви:
Martrys (2008)
Приказната раскажува за девојка која верува дека нејзиното семејство ја држело затворена во заробеништво за време на целото детство. Таа тргнува во одмазда кон општеството кое го дозволило тоа.
https://www.youtube.com/watch?v=-7Qx2dT-lUw
Тhe human centipede (2010)
Пореметен луд научник има само една желба – да направи стоногалка од вистински луѓе, спојувајќи ги на најнеочеуваниот бизарен начин. За таа цел киднапира три јапонски туристки... и покрај тоа што овој чукнат филм бил забранет во повеќе земји, се снимија дури 3 делови.
Salo, 120 Days Of Sodom (1975)
Четворица фашистички настроени радикалци содомизираат група од 18 тинејџери. Тие поминуваат низ вистинска физичка, ментална и сексуална тортура во рок од 120 дена. Сцените во филмот биле толку уверливи, што луѓето мислеле дека децата биле вистински малтретирани.
Audition (1999)
Таа не може да поднесе ниту еден маж во нејзиниот живот бидејќи смета дека ѝ го крадат вниманието кое треба да си го посвети самата себе. Затоа ги мачи со игли на најневозможните начини, а треба да сте особено храбри да ја издржите сцената каде што ја прободува иглата во окото на главниот лик.
Dogtooth (2009)
Тројца тинејџери живеат изолирано во својот дом со премногу заштитнички настроените родители кои имаат правило дека децата може да си заминат само тогаш кога ќе им падне третиот преден т.н. „кучешки“ заб.