Избришани сцени кои целосно ги објаснуваат нејасните делови од филмовите
Сигурно сте забележале дека одредени филмови имаат нејасни или збунувачки делови. Тоа е така затоа што во многу филмови се кратат и бришат одредени сцени за да се намали должината на филмот.
Токму тие избришани сцени можат да ни разјаснат одредени работи:
Titanic, 1997
Посебно внимателните гледачи ќе забележат дека главата на телохранителот на Роуз во еден момент крвави. Тоа е така затоа што во еден момент Џек му ја удира главата во стакло кое се крши, но режисерот решил да ја тргне таа сцена.
Prometheus, 2012
Во почетната сцена која не е вклучена во финалната верзија, објаснето е дека течноста која ја пие вонземјанинот почнува да го уништува телото негово и од тоа да се размножуваат нови клетки од кои се креира нов живот.
X-Men, 2000
Хероината Хали Бери кажува шега од никаде во последната битка: „Што ѝ се случува на жабата кога ќе ја удри гром?“. Всушност низ целиот филм биле планирани неколку шеги во стилот „Што ѝ се случува на жабата“ за да се пошегуваат на сметка на злобниот мутант жаба.
Raiders of the Lost Ark, 1981
Како знае Индијана дека не треба да гледа во отворената арка? Всушност има избришана сцена каде доаѓа мистериозен посетител и ги предупредува ниту да ја допираат, ниту да не гледаат во неа.
The Lion King, 1994
Оригинално, Скар ѝ се додворува на Нала, планирајќи да ја земе за своја сопруга, но подоцна тоа е тргнато од филмот, бидејќи од Дизни сметале дека темата на заведување не е соодветна за младите гледачи.
Н. Г. | Црнобело