8 филмови кои се подобри од вистинската приказна
Сите ние понекогаш знаеме да се почувствуваме преморено од животот... Да бидеме сигурни дека не можеме да продолжиме понатаму и дека најверојатно нема да си ја оствариме целта.
Но, тука се волјата и надежта кои ништо не може да ги сруши.
А, доказ за тоа се следниве филмови направени на основа на реални настани.
„The End of the Tour“, 2015
Во главни улоги: Џејсон Сигел, Џеси Ајзенберк, Џон Кјузак
Оцена на IMDb: 7.3
Приказната се базира на книгата на новинарот Дејвид Липски на Rolling Stone, каде раскажува за 5-дневното интервју со писателот Дејвид Фостер Валас, кое никогаш не е објавено.
„Infinitely Polar Bear“, 2014
Во главни улоги: Зои Салдана, Марк Руфало
Оцена на IMDb: 7.0
Биполарна личност презема комплетна одговорност за двете деца, додека неговата сопруга мора да учи во Њујорк.
„Tracks“, 2013
Во главни улоги: Миа Васиковска
Оцена на IMDb: 7.2
Се раскажува приказната за младата девојка Робин Дејвидсон која ги напуштила саканите за да ја прошета цела Австралија со 4 камили и куче.
„Rabbit-Proof Fence“, 2002
Во главни улоги: Еверелни Сампи, Тиана Сансбери, Лора Монахан
Оцена на IMDb: 7.5
Се раскажува приказна за 3 девојчиња кои бегаат од домот каде треба да бидат слугинки во времето кога белците се обиделе да ги употребат Абориџините за свои цели.
Уште 4 филмови на следната страна...