На што нè учат најпопуларните љубовни филмови?
Уште како тинејџери, најголемата инспирација за љубовните состаноци ја црпевме од најпопуларните романтични филмови. Се заљубувавме во нивните ликови, си го замислувавме првиот бакнеж и сето тоа сакавме да биде филмски и незаборавно.
Нивното искуство некако го сфаќавме како наше, а љубовните реплики ги цитиравме уште долго потоа.
Па, ред е да се потсетиме на некои од нив:
(500) Days Of Summer: „На некои луѓе им е судено да се вљубат еден во друг, но не им е судено да бидат заедно. “
The Notebook: „Некогаш мораме да бидеме разделени за вистински да сфатиме колку многу се сакаме. “
Cruel Intentions: „Како може некој кој е толку шармантен да биде толку многу манипулативен?“
The Danish Girl: „Јас само сакав една полна рака пријатело во мојот живот, а ти ги исполни и двете!“
Dirty Dancing: „Јас? Јас се плашам од сѐ!“
Eternal Sunshine of the Spotless Mind: „Врати се и направи едно достојно збогување. Ајде да се лажеме дека го имавме барем тоа...“
Titanic: „Никогаш нема да те заборавам.“
10 Things I Hate About You: „Не мораш секогаш да бидеш она што сакаш другите да бидат!“
Blue Valentine: „Веќе воопшто не те сакам. Ништо не ми остана за тебе, ништо, ништо. Ништо, овде нема ништо за тебе.“
Vicky Cristina Barcelona: „Ние сме создадени еден за друг и ние не сме создадени еден за друг. Тоа е контрадикторност!“
С. У. | Црнобело