15 филмови кои вашите деца ќе ги обожаваат
Bean (1997)
Смешниот г. Бин патува во Америка и има специјална задача – да однесе мошне вредна слика во музеј во Лос Анџелес.
Casper (1995)
Сè што сака малото духче Каспер е да има пријатели. Дали новиот доктор кој ќе пристигне во опседнатата куќа со својата ќерка ќе станат едни од нив?
Bedtime Stories (2008)
Хотелски помошник им раскажува неверојатни приказни за добра ноќ на своите внуци, сè додека неговите најлуди фантазии не започнат да стануваат реалност...
Peter Pan (2003)
Момчето кое никогаш нема да порасне Петар Пан, доаѓа во домот на семејството Дарлинг и го носи во земјата Недојдија, каде децата се борат против злобниот капетан Кука.
Jumanji (1995)
Две дечиња играат опасна друштвена игра која е магична. Таа ослободува човек заробен десетици години во играта, а единствениот начин да прекине целото Џуманџи лудило е да ја завршат играта.
Bridge to Terabithia (2007)
Момче и девојче кое стануваат најдобри пријатели ќе си измислат цел еден свој свет со неверојатни суштества, чудовишта и животни.
Flight of the Navigator (1986)
Мало момче ќе се разбуди 8 години во иднината и се обидува да се врати назад во своето време и вистинските родители и братчето со помош на вселенскиот брод кој комуницира со него.
The Spiderwick Chronicles (2008)
Чуден, но застрашувачки и опасен свет на чудовишта го обвива имотот на Спајдервик, а откако самохрана мајка ќе се досели во куќата со трите деца, започнуваат авантурите и борбата за преживување.
(O)Милена | Црнобело