10 филмови од кои ќе бидете на штрек цели 2 часа
6. „Seven“
Седум дена пред неговото пензионирање, детективот Вилијам Сомерсет има два проблеми: доаѓањето на неговиот помлад партнер Милс и појавата на многу софистициран убиец во градот.
7. „Carrie“
Тинејџерката Кери е родена со телекинетички способности, а нејзините натприродни моќи посебно и забрзано се развиваат под притисокот од нејзините родители кои се верски фанатици и нејзините врсници.
8. „28 Days Later“
Смртоносен вирус сите ги претвора во крволочни зомбија. По четири недели цела Англија е зафатена од страшната епидемија, многу луѓе се евакуирани, а другите бараат засолништа во ненаселените делови од земјата за да избегаат од кошмарот.
9. „The Skeleton Key“
25-годишната Керолин Елис е медицинска сестра која се грижи за еден постар дедо, сопственик на голем замок во Луизијана. Наскоро младата жена станува сведок на чудни настани и се обидува да ги разоткрие мистериите кои овој човек ги крие од светот.
10. „Black Swan“
Примабалерина се соочува со ривал од кој се плаши дека ќе ја загуби својата позиција...
Н. Г. | Црнобело