10 филмови од кои ќе бидете на штрек цели 2 часа
Кога еден филм предизвикува јасни и силни емоции и истовремено произведува моќен адреналински наплив, тогаш знаете дека гледате добар филм.
За филмот да ве држи напнати и на штрек, не значи дека треба да има крв, акција или убиства, но не се исклучуваат и таквите филмови.
10 филмови кои ќе ги гледате со ококорени очи и отворена уста:
1. „The Others“
Децата на Грејс имаат чудна болест, не можат да ја издржат светлината од сонцето. Токму затоа се преселуваат далеку во една куќа каде живеат во темнина и чекаат да се врати нивниот сопруг и татко од Втората светска војна.
2. „Shutter Island“
Двајца детективи го истражуваат исчезнувањето на една жена која е пациент во клиника за ментално болни која се наоѓа на остров во Масачусетс. Во текот на истрага откриваат тешки лаги и неочекувани факти...
3. „The Reaping“
Главниот лик во овој филм има необично хоби - разоткрива митови. Во обид да дискредитира една легенда, таа доаѓа во мал град во Тексас каде локалните жители се религиозни фанатици. Таму сите се сигурни дека едно девојче е причина за сите нивни несреќи...
4. „The Shining“
Џек Торанс пристигнува во хотел заедно со неговата сопруга и синот за да работи како чувар. Торанс никогаш претходно не бил во овој хотел, но постојано му навираат во глава чудни мисли и спомени...
5. „Only Lovers Left Alive“
Адам и Ева се многу стари вампири кои се обидуваат да живеат во идилична атмосфера, сè додека не се појави помалата сестра на Ева, Ава.
Уште 5 филмови на следната страна...