6 филмови со Одри Тату кои треба да ги изгледате

Неодоливата актерка Одри Тату со сигурност може да се класифицира како француско национално богатство.

6-filmovi-so-odri-tatu-koi-zadolzitelno-treba-da-gi-izgledate-01.jpg

Ќе ѝ дадете многу помалку години на оваа 40-годишна нетипична убавица, која освојува со својот шарм и харизматичност на филмското платно.

Култниот филм Amélie од 2001 година никогаш немало да биде она што е без слатката Одри, бидејќи првичната замисла на режисерот била главната улога да ѝ ја додели на британската актерка Емили Вотсон.

По огромниот успех на филмот, Одри заминала на патување во Индонезија со својата сестра, каде што апсолутно никој не ја препознал.

Заштитно лице на Chanel n°5, добитничка на бројни награди и признанија, скромната Одри го добила своето име по познатата актерка Одри Хепберн.

Нејзината долгогодишна кариера ја одбележуваат бројни филмови, а ние ви ги препорачуваме овие 6 за пријатна филмска вечер:

Amélie (2001)

Младата наивна Амели живее во Париз и има своја замисла за тоа како треба да изгледа светот и да се исправи неправдата која го исполнува. Нејзината авантура ќе ѝ донесе многу повеќе од задоволството при помагање на другите, а ќе ѝ донесе и љубов.

Coco Before Chanel (2009)

Одри ја портретира модната икона Коко Шанел во оваа филмска биографска верзија за славната дизајнерка. Скромните почетоци на Коко, до нејзиното воздигнување во модната индустрија, под режисерската палка на Ен Фонтејн.

A Very Long Engagement (2004)

Овој филм ќе го пронајдете по оригиналниот наслов – „Un long dimanche de fiançailles“, во кој вљубената Матилде по никоја цена не се откажува да го пронајде својот свршеник кој е исчезнат за време на Првата светска војна.

Одличен филм зачинет со француска романтика, комедија и малку мистерија.

The Da Vinci Code (2006)

Адаптиран според бестселерот на Ден Браун, Одри блеска покрај Том Хенкс во главната улога. Убиство во Лувр и мистериозни траги кои водат кон решавање на една од најголемите религиозни мистерии.

Mood Indigo (2013)

Ова е можеби најшарениот и најнеобичниот филм во кариерата на Одри.

Помеѓу огромната љубов на Колин и Клои, постои само една пречка – необична болест која предизвикува растење на цвет во белите дробови на Клои.

He Loves Me... He Loves Me Not (2002)

Младата девојка ќе стане опасна, откако нејзините обиди да го убеди љубовникот да ја остави својата жена ќе пропаднат во вода. Совршена комбинација на трилер и романса.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg