Рајан Гослинг и Ема Стоун ќе ве натераат да верувате во романтична љубов (видео)
Постои посебна магија, необјаснив шарм на секој филм во која Ема Стоун и Рајан Гослинг глумат заедно, а сега ќе имаме можност уште еднаш да ги погледнеме заедно.
Хемијата на малите екрани која ја има меѓу нив двајца досега сме имале можност да ја погледнеме во „Crazy, Stupid, Love“ и „Gangster Squad“, а сега ќе имаме можност да ги погледнеме и како пар во новоочекуваниот мјузикл.
Уште од трејлерот кој неодамна е објавен можете да претпоставите дека ќе не воведат во еден нов, прекрасен како во сон град - практично е добиеме прошетка низ Лос Анџелес гледан од розови очила.
Трејлерот не води низ приказната на двајца љубовници, џез музичарот Себастијан и неговата девојка Миа која сака да биде актерка.
Но, повеќе не се потребни зборови, туку време е да уживате во трејлерот.
Филмот ќе имаме можност да го погледнеме на 2-ри декември.
Н. Г. | Црнобело