6 одлични филмови со Вил Смит во главната улога
Скоро сите го обожаваме Вил Смит и имаме неколку добри причини поради тоа: шармантен, забавен, глуми одлично и изгледа уште подобро со годините.
Ѕвездата досега има снимено околу 40 филмови, а во добар дел од нив се јавува и како продуцент.
Во очекување на неговиот најнов филм „Suicide Squad“, чија премиера ќе ја видиме на 5-ти август, да се потсетиме на неколку одлични филмови со Вил Смит во главната улога.
Дел од нив ќе ве насмеат и расположат, а дел ќе ви донесат очи полни солзи:
1. „Focus“ (2015)
Сплетки, грабежи, адреналин и забава во филмот во кој друштво му прави згодната Марго Роби, а фокусот е насочен кон професионално ограбување.
2. „Ali“ (2009)
Улогата која му донесе најмногу пофалби на Вил Смит за портретирањето на животот на спортската легенда Мухамед Али, исполнет со подеми, падови и контроверзии во периодот од 1964-та до 1974-та година.
3. „Seven Pounds“(2008)
Невозможно е мисијата на еден човек кој ќе го смени засекогаш животот на 7-мина други луѓе, да не ве донесе до солзи.
4. „The Pursuit of Happiness“ (2006)
Вистинска приказна за Крис Гарднер и неговото издигнување од сиромашен во успешен човек, проткаена со борбата за опстанок и бескрајната љубов кон своето дете.
5. „Hitch“ (2005)
Секому му е потребно малку помош кога станува збор за освојување девојки, а плановите на специјалистот за љубов ќе ги помати прекрасната Ева Мендез.
6. „I, Robot“ (2004)
Научно-фантастичниот филм работен според кратката новела на Исак Асимов ја прикажува иднината во 2035-та година и полемизира на темата дали роботите може вистински да почувствуваат емоции како и луѓето.
(О)Милена | Црнобело