Викенд предлог: 20 филмови за комплицирани љубовни врски

Без разлика на тоа колку романтични филмови сте гледале досега, веројатно ќе се согласите дека и никогаш не може да се каже доста на истите. Тоа е така, затоа што, љубовните приказни успеваат да нè инспирираат и да разбудат разни емоции во нас.

vikend-predlog-20-filmovi-za-komplicirani-vrski-01.jpg

Ликовите во романтичните филмови често се борат за својата љубов и среќа, двете најважни работи на овој свет, па не е ни чудно што овој жанр е толку популарен и секогаш фасцинира.

20 романтични филмови кои ќе ги разбудат пеперутките во вас:

1. „Wicker Park“

Маестрална и истовремено интригантна приказна за еден невообичаен љубовен триаголник.

2. „Love Me If You Dare“

Љубовта понекогаш е само игра која никогаш не завршува, барем додека самите не се одлучите за тој потег.

3. „Brooklyn“

Семејна трагедија ги разделува младите љубовници, Елис мора да се врати во Ирска, а тој да остане во Америка. Како повторно ќе се спојат?

4. „The Time Traveler’s Wife“

Љубовната приказна на Хенри и Клер не е како секоја друга вообичаена романтична приказна. Хенри има ретка болест поради која повремено патува низ времето.

5. „How to Lose a Guy in 10 Days“

Енди Ендерсон е млада новинарка која заради облог и статија мора да најде момче кое ќе го заведе и ќе го натера да избега, точно за 10 дена. Но, што кога работите не се одвиваат по плановите?

6. „50 First Dates“

Непоправливиот шармер, Хенри Рот, запознава девојка со која конечно посакува да остане до крајот на својот живот. Единствениот проблем е што Луси никогаш не може да го запомни неговиот лик.

7. „While You Were Sleeping“

Луси е вљубена во случаен патник кој секојдневно го гледа. Еден ден тој е ограбен и турнат од платформата, а Луси решава да го спаси и секојдневно да го посетува во болницата додека е во кома.

8. „Crazy, Stupid, Love“

Животот на Кал се менува драматично откако неговата сопруга решава да го напушти.

9. „Closer“

Приказна за комплицирани љубовни врски и мрежа од интриги и емоции помеѓу четворица.

10. „My Sassy Girl“

Чарли на враќање од предавање случајно спасува девојка која на крајот излегува дека е сè што тој некогаш во животот посакувал кај девојка, но работите стануваат прилично комплицирани за двајцата.

Уште 10 филмови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 филмови за оние кои едвај чекаат да почне есента За љубителите на детективските приказни, овде е A Haunting in Venice, а ако сака...
10 добитници на Оскар за најдобар филм што секој мора да ги изгледа American Beauty, Chicago, No Country for Old Man … Ако немате навика да гледате ...
10 мрачни серии на Нетфликс (се гледаат во еден викенд) Ако сакате фантазија, веруваме ќе ви се допадне јужнокорејската серија Hellbound...
10 дистописки филмови што ќе ве натераат да размислувате Interstellar, V for Vendetta и Blade Runner 2049 се сметаат за едни од најдобрит...
Еден филм што мора да го изгледате, според хороскопскиот знак Ракови, за вас семејството е најважното нешто, а главниот фокус во Little Women ...
Ги гледав првите две епизоди од серијата „Сабја“ за атентатот врз Зоран Ѓинѓиќ – Зошто не можам да г... Зошто Зоран Ѓинѓиќ бил убиен? Кој бил радикалниот чекор што тој го направил за д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg