5 љубовни филмови базирани на вистински приказни кои секој пар треба да ги погледне
Сигурно многупати сте ја слушнале вашата девојка да каже „Сакам љубов како таа во филмовите“. Овие филмови докажуваат дека таа љубов е всушност инспирирана од вистинскиот живот.
Неверојатните љубовни приказни ги инспирирале режисерите да ја пресликаат токму ваквата љубов и на филмското платно, а крајниот резултат е нешто кое секој пар треба да го погледне.
1. „Eat Pray Love“
Во филмот: Елизабет, успешна писателка, одеднаш сфаќа дека не го живее животот кој отсекогаш го сонувала. Решава да напушти сè и да патува низ светот за да се пронајде себеси. Во Италија ужива во храната, во Индија го наоѓа духовниот мир, а на Бали конечно ја запознава вистинската љубов.
Вистинската приказна: Филмот е сниман според автобиографското дело на Елизабет Гилберт. Љубовта меѓу неа и Хозе (кој во филмот се вика Фелипе) се развивала на истиот начин како во филмот. Иако во последната сцена од филмот тие решаваат да не се венчаат во вистинскиот живот, тие се во брак и живеат во Њу Џерси. Поседуваат продавница за сувенири, а Елизабет продолжува да пишува книги.
2. „50 First Dates“
Во филмот: Хенри после многу девојки во животот конечно се заљубува во Луси и не може да го дочека вториот состанок со неа. Но, секој состанок со Луси е како прв состанок бидејќи таа страда од амнезија, резултат на доживеана несреќа, и не се сеќава што се случило претходниот ден. Но, Хенри не се предава и ги снима најважните моменти од нивниот живот па така секој ден на Луси започнува со прегледување на ниваната приказна.
Вистинската приказна: Мишел Филпотс страда од ретка форма на амнезија, добиена после неколку несреќи, и 21 година живее како да е 1994-та година. Нејзиниот сопруг секое утро и покажува слики од нивната венчавка и важните настани кои ги поминале заедно. Единствената разлика од филмот е што Мишел и нејзиниот сопруг биле заедно и пред несреќата.
3. „Die Weisse Massai“
Во филмот: За време на одморот во Кенија, прекрасната Карола се заљубува во Лемалиана. Таа решава да го напушти живото во Европа и да се пресели во Кенија, но тоа е многу потешко од што се чини бидејќи нејзиниот начин на живот и вредности се многу поинакви од тие на населението во новата татковина. Таа го раѓа своето прво дете таму, но на крајот ниту тоа не ја спречува да си замине изморена од љубомората и дивиот начин на живот.
Вистинската приказна: Корин Хофман за време на патувањето во Кенија со своето момче го запознава Лкетинга Лепармориоин. Раскинува со момчето, го продава својот бизнис во Швајцарија и се венчава со новиот љубовник. Но, се соочува со многу проблеми, опасни болести кои демнат од сите страни и огромни културни разлики. Лкетинга бил многу љубоморен и често се сомневал дури и во неговото татковство над детето. И покрај големата љубов кон него, Корин на крајот била принудена да го напушти и да се врати назад во Европа.
4. „Moths“
Во филмот: Алја е ученичка која го запознава војникот Павел после несреќата во Чернобил и веднаш пламнува љубовта меѓу нив. Павел е изложен на огромна радијација поради работата и мора да биде лежи во болница од каде тој постојано бега за да ја види Алја. Филмот ги претставува Алја и Павел како два молци кои летаат кон себе не водејќи сметка за опасностите кои ги демнат во празниот и напуштен град.
Вистинската приказна: Ликовите на Алја и Павел се изградени врз основа на неколку љубовни приказни кои се случиле за време на несреќата во Чернобил. Приказната главно се заснова на трагичната љубов меѓу пожарникарот Василиј Игнатенго и неговата жена Лудмила. Работејќи на расчитување на градот по несреќата тој бил изложен на огромна доза радијација, но тоа не ја спречило неговата жена да се грижи за него до последниот ден, иако докторите јасно ѝ забраниле да не се приближува до него.
5. „The Vow“
Во филмот: Пејџи и Лео ја слават четвртата годишнина од бракот, но прославата завршува со сообраќајна несреќа после која Пејџи е во кома. Откако ќе се разбуди и ќе се врати во реалноста таа воопшто не се сеќава на својот сопруг и животот со него. Сепак, Лео е подготвен одново да го освои нејзиното срце.
Вистинската приказна: Двојка по име Крикит и Ким Карпентер била прототипот за Пејџи и Лео. Амнезијата од автомобилската несреќа ги брише сите сеќавања на Ким од последните 15 години. Тоа го вклучува и времето во кое тие се запознале и венчале. Крикит не се откажал ниту во најтешките моменти и повторно ја освоил љубовта на Ким. Книгата со наслов „The Vow“ е неговото автобиографско дело во кое тој зборува за сè она низ кое поминале после несреќата. Тие се сè уште заедно и имаат две деца.
М. С. | Црнобело