30 години од серијата „Мојот т.н живот“, во чиј главен лик бевме сите вљубени - Како изгледаат денес актерите?
Во средината на 1990-тите не постоеше тинејџерка што не беше вљубена во лошото момче Џордан Каталано од серијата „Мојот таканаречен живот“... Како изгледаат актерите денес, 30 години по премиерата на серијата?
Серијата „Мојот таканаречен живот“ пред 30 години беше отскочна штица во кариерите на актерите Џаред Лето и Клер Дејнс.
Оваа популарна тинејџерска серија, која имаше само една сезона, својата премиера ја имаше во август 1994 година.
„Мојот таканаречен живот“ (My So-Called Life) нè внесе во животот на Анџела Чејс, нејзината безнадежна љубов кон „лошото момче“ во училиштето Џордан Каталано, караниците со мајка ѝ, бунтувањата во тинејџерските години, односот со помалата сестра.
Иако повеќето актери од серијата и денес снимаат, најголемиот успех сепак го постигнаа Клер Дејнс и Џаред Лето.
По 3 децении од премиерата на серијата, Дејнс е веќе подостарена, а Лето делува како да застанал во времето (со малку поинаква фризура и брада).
Како изгледаат денес актерите на омилената тинејџерска серија?
Клер Дејнс - Анџела Чејс
Џаред Лето - Џордан Каталано
Девон Одеса - Шерон Черски
Вилсон Круз - Енрике Васкез
Девон Гумерсал - Брајан Краков
Еј Џеј Лангер - Рајaн Граф
Бес Армстронг - Пети Чејс
Том Ирвин - Греам Чејс
А. Ј. | Црнобело