Тајната е во насловот - Зошто „50 нијанси“ и зошто баш „сива“?
Книгата стана планетарен хит, премиерата на филмот со нетрпение се очекува и веројатно нема човек кој не го слушнал насловот „50 нијанси на сива“. Но, зошто баш „50 нијанси“ и зошто баш на „сива“?
Оригиналниот наслов е „Fifty Shades of Grey“, а авторката Е.Л.Џејмс изјави дека главниот јунак Кирстијан Греј (grey = сива) го добил името затоа што ништо не е црно-бело, сè зависи од аголот на личното гледиште.
Затоа таа не го осудува однесување на Греј и животот полн со „нијанси“.
Така, во старт имаме ново значење на насловот - „50 нијанси на Кристијан Греј“.
Но следното прашање е зошто 50? Зошто не 10 или 100?
Во нумерологијата бројот 50 има магична моќ затоа што го зајакнува бројот 5. А 5 е бројот на личности кои отскокнуваат над другите, кои се во потрага по слобода, авантуристи се, секогаш бараат промена во животот и го живеат секој ден како последен.
Во љубовта сакаат да заведуваат, а нивниот живот на моменти знае да стане драматичен.
Звучи познато?