Здебелена и со лузни, Џенифер Анистон има улога за Оскар
Ја знаеме како поранешна сопруга на Бред Пит, дел од „Пријатели“ и многу интересни романтични комедии.
Моментално е зафатена со промоција на нејзиниот последен филм „Horrible Bosses 2“, но сепак филмот за кој сите се интересираат и очекуваат да ја видат во поинакво светло е трилерот „Cake“.
Различен од сите досегашни нејзини романтични драми и комедии, ова е улога која ќе ја покаже другата страна на убавата и интересна Џенифер.
Таа ја игра улогата на Клер Симонс, жена која страда од хронични болки и зависна е од таблети, откако ќе преживее страшна сообраќајна несреќа. Оди на терапија и станува дел од група за поддршка. Но, по некое време се соочува и со самоубиство на една од девојките кои се исто така дел од групата.
По таа несреќа, целосно се опседнува со нејзиниот случај, истражува детали и постојано има привиди. Тешка и драматична улога која ја прикажува на многу повисоко актерско ниво. Токму затоа сите очекуваат дека ова е сигурен кандидат за Оскар.
За потребите на оваа улога Џенифер направи и драстични промени, покривајќи ги светлите прамени на косата со потемни, не користи воопшто шминка, освен за лузните кои треба да ги има нејзиниот лик во филмот има неколку килограми повеќе и не личи на онаа Џенифер која досега ја знаеме.
Ова е првиот трејлер за филмот кој се очекува во јануари: