Топ 5 филмови со Бредли Купер
Бредли Купер е еден од најзгодните холивудски актери кој од страна на магазинот „People“ е прогласен за најсекси маж на светот.
Кариерата ја започна како дел од машките ликови во телевизиската серија „Сексот и градот“, а неговото прво филмско деби беше во филмот „Wet hot American summer“ во 2001 година.
Оттогаш има учествувано во многу филмови како споредна и како главна улога, а овој пат ги издвоивме неговите топ 5 филмски појавувања:
1. „The Hangover“
Бредли го глуми Фил, еден од четворицата пријатели кои по лудата и пијана ергенска вечер запаѓаат во разни згоди и незгоди.
2. „Failure to lunch“
Тој е еден од пријателите на неженетиот ерген кој живее со родителите, а Сара Џесика Паркер е изнајмена од нив за да го натера да посака да се исели во посебен дом.
3. „Valentine’s day“
Во овој филм Купер глуми бизнисмен кој додека патува се среќава со Џулија Робертс, но она што него го привлекува е неговиот геј партнер, Eрик Дејн .
4. „Limitless“
Во улога на Еди Мора, во овој акционен ментален трилер тој е писател кој под дејство на специјална дрога може да го користи максималниот капацитет на човечкиот мозок, кој реално е невозможно да се достигне.
5. „Аmerican hustle“
Во улога на Ричи ДеМасо, премногу амбициозен агент на FBI, проблематичен и незгоден нарцисоиден лик кој е во тајна врска со Розалин Розенфилд (Џенифер Лоренс).