Топ 5 филмови од кои ќе ви се пријаде
Доаѓа викенд и време е за одмор, опуштање и уживање. Сигурно ќе можете да најдете барем 2-3 часа за да се одморите со добар филм. Но, за следнава листа со филмови ве предупредуваме дека ќе ви треба празен стомак и полна трпеза.
Верувајте дека нема да издржите колку и да се противите. Диети се строго забранети. Овие филмови ќе ви го отворат апетитот, затоа подгответе се добро.
1.Waitress
Ова е комедија за љубовна афера на келнерката чиј сопруг е егоцентричен и нападен и оженетиот доктор кој ја води нејзината несакана бременост. Сите случувања, згоди и незгоди предизвикуваат емоции кои главната глумица ги искажува или надминува со подготвување на вкусни рецепти за пити. Ќе видите многу чоколадо, тесто, овошје, ореви и лешници. Имајте лист и пенкало во близина зашто сигурно ќе сакате да ги запишете и испробате.
2. No Reservations
Драма сместена во центарот на Њујорк, каде Кетрин Зета Џонс е во главната улога на шеф на кујната во еден модерен ресторан на Менхетен. Постојано се труди да ја има максималната контрола на сè што се случува во кујната, а рецептите мора да ги доведе до совршенство. Ако сакате да видите професионални и перфектни рецепти ставете го на листата.
3. Eat Pray Love
Сигурно многу сте слушале и читале за овој филм. Ако не сте го гледале досега, задолжителен е за вистинско опуштање и мисловно патување. Филм во кој Џулија Робертс ќе ве одведе во Италија, земјата каде се подготвуваат и се јадат најубавите тестенини во светот. Но, никако не го пуштајте без да имате голема пица или чинија полна со шпагети пред вас. Овие неколку секунди само ќе ве предупредат!
4. Chocolat
Уште од самото име ви потекуваат лиги. Ако почнете да го гледате не заборавајте да имате барем едно чоколадо до себе, чоколадна торта и топло чоколадо во чаша. Тоа е минимумот што ви е потребен за да го изгледате до крај со вистинско уживање. Иако е малку постар филм, никогаш не може да ви е досаден или да не ве натера да го почувствувате најслаткото задоволство. На целото чоколадо во филмот кога ќе го додадете и згодниот Џони Дип во една од главните улоги, веројатно е повеќе од доволно за да го гледате овој филм.
5. Perfect Sense
Малку поинаков филм од претходните, но квалитетен и корисен за да ви го покаже вистинското значење на вашите сетила и што значи ако останете без нив. Кога двајца готвачи ќе останат без сетилата за вкус и мирис, а треба да подготвуваат јадења. Моќна драма која вистински ќе ве замисли и ќе ве натера повеќе да го цените секое сетило, да знаете како вистински да уживате во секој вкус.