Evil Dead - хорор кој заработи милиони
Еден од најкултните хорор филмови на сите времиња „Evil Dead“ (Зли мртовци) се враќа во ново руво, како нов продукт од стариот класичен филм.
Станува збор за еден од најстрашните филмови на сите времиња, во режија на дебитантот Fed Alvarez, во кој главните улоги ги играат Jane Levy, Shiloh Fernandez, Lou Taylor Pucci, Jessica Lucas и Elizabeth Blackmore.
Според досегашните резултати кои ги постигна во кино салите ширум светот, очигледно е дека и се допадна на публиката. Во САД овој филм само првиот викенд од неговото прикажување заработи 26 милиони долари, со што застана ан првото место на гледаност, а до денес и повеќе 50 милиони долари.
Петмина 20 годишни доаѓаат во осамена колиба во шума за да и помогнат на една своја пријателка која се бори против зависност. Наскоро по доаѓањето еден од младите наоѓа книга на мртвите и не знаејќи што ќе предизвика ја отвора и почнува да ја дешифрира. Така ги привлекува скриените демони од соседната шума кои и опседнуваат нивните души. Сепак, еден од нив останува недопрен од демоните и се бори за својот живот....
Филмот се очекува во нашите кино сали за еден месец.