Филмски викенд: Црно-Бели

За овој викенд ви спремивме 6 црно-бели филмови, секој од различна декада во минатиот век. Филмови од познати режисери, со познати глумци и фантастични приказни. Неповторливи филмови кои пркосат на времето и не стареат.

filmski-vikend-crno-belo-01

Верувам дека многу од вас сметаат дека црно-белите филмови се досадни, неинтересни за гледање, но понудениве предлози се едни од најдобрите филмови на сите времиња и го заслуживаат вашето време.

Уживајте во овој филмски викенд.

Shadow of a Doubt (1943)

Оваа психолошка драма ќе ве држи напнати и на крајот од столчето до самиот крај. Се зборува за една млада девојка Шарлот, нагалено Чарли, и нејзиниот омилен вујко Чарли.

Но, неговата последна посета и неговото однесување, прават да младата Чарли се сомнева дека вујко и е сериски убиец.

Едноставно мора да го погледнете филмот за да ја почуствувате тензијата што само Хичкок може да ја створи. Дури и самиот Хичкок кажувал дека ова му е омилениот филм што го направил.

Ремек дело што не го има изгубено својот квалитет со времето.

Режија: Alfred Hitchcock
Глума: Teresa Wright, Joseph Cotten, Macdonald Carey

filmski-vikend-crno-belo-1

Roman Holiday (1953)

Кога падна одлука да се прават црно-бели филмови се знаеше дека ќе се појави филм со Одри Хепберн.

Се раскажува за принцезата Ен, која скришум бега од својот организиран распоред, се запознава со младиот американски новинар, Грегори Пек, и заедно шетаат и лудуваат низ Рим.

Прекрасна класична љубовна приказна, која ве соборува со својот старински шарм. Одри Хепберн е фантастична во оваа улога, а хемијата со Грегори Пек може да се почуствува и преку екранот.

Филмче кое ќе ве разнежни и забавува.

Режија: William Wyler
Глума: Gregory Peck, Audrey Hepburn, Eddie Albert

filmski-vikend-crno-belo-2

Dr. Strangelove (1964)

Оваа црна комедија од Стенли Кјубрик раскажува за ладната војна помеѓу САД и Русија која се движи кон скроз грешна насока.

Еден луд генерал започнува план за нуклеарен напад, и цела воена соба со генерали и политичари се обидуваат да го спречат.

Глумата на главните акетери во филмот е беспрекорна, а сценариото ненормално добро. Еден од најдобрите филмови на Кјубрик кој истовремено е најперцептивната сатира снимена во историјата.

Исто така и еден од моите омилени филмови.

Режија: Stanley Kubrick
Глума: Peter Sellers, George C. Scott, Sterling Hayden

filmski-vikend-crno-belo-3

Manhattan (1979)

Ако сте фан на филмовите на Вуди Ален тогаш и овој филм ќе ви се допадне. Можеби е еден од најдобрите филмови на овој режисер/актер, и во овој филм го прикажува Њујок во светло како што не сте го виделе предходно.

Приказна за наоѓањето и губењето љубов во најчудните верзии. Имено, Исак има 42 години, и е разведен. Моментално има девојка која има 17 години, а неговата поранешна сопруга е бисексуалка и сега живее со девојка и, која успат планира да издаде книга за нивната врска.

Сè е ок, се додека не ја запознае Мери, љубовницата на неговиот пријател, кој патем си има сопруга. Како што реков, приказна во стилот не Вуди Ален, но дефинитивно вреди да се погледне поради неверојатните актери.

Режија: Woody Allen
Глума: Woody Allen, Diane Keaton, Mariel Hemingway, Meryl Streep, Michael Murphy

filmski-vikend-crno-belo-4

Raging Bull (1980)

Мартин Скорсезе генијално ни го преставува животот на Џејк ЛаМота, боксер кој во рингот не непобедливо животно.

Но, тоа насилство го носи дома, кај своите најсакани. Неговиот темперамент ќе го направи шампион, но тотално ќе му го уништи животот.

Иако не сакам спортски филмови, овој ме изненади поради глумата на Роберт ДеНиро во тие крвави боксерски мечови.

Можеби и ова е неговиот најдобар перформанс во кариерата. Дефинитивно моќен филм, но не е за сечиј вкус.

Режија: Martin Scorsese
Глума: Robert De Niro, Cathy Moriarty, Joe Pesci

filmski-vikend-crno-belo-5

Clerks. (1994)

Со доаѓањето на 90тите се менува и стилот на филмовите. Овој е еден од најдобрите модерни филмови снимени во црна бела техника, која веќе станува некористена.

Но, тоа воопшто не му пречи на овој филм да стане култна комедија. Зборува за животот на Данте, т.е. еден ден од неговиот живот, ден кога ќе дознае многу работи и ќе му се случат многу работи.

Верувам дека сте го гледале, но нека стои овој предлог да ве потсети да го гледате повторно и да се насмеете заедно со Данте, Џеј и Тивкиот Боб.

Ова е првиот филм на Кевин Смит кој подоцна во сличен стил ќе направи уште неколку незаборавни филмови.

Режија: Kevin Smith
Глума: Brian O'Halloran, Jeff Anderson, Marilyn Ghigliotti, Jason Mewes, Kevin Smith

filmski-vikend-crno-belo-6

И.Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Актери со огромна (и вознемирувачка) возрасна разлика кои глумеле романтични парови Гвинет Палтроу имаше само 26 години кога глумеше во Perfect Murder со тогаш 54-г...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg