Филмски викенд: Чудни светови, интересни приказни
Некако се погоди овој предновогодишен викенд да ви ги предложиме најинтересните филмски концепти што се појавија во последнава година.
Сите се сместени во нереални светови, но на свој начин многу различни. Едниот има бајковита форма, додека другиот е комплицирана научна фантастика, а третиот е криминалистична акција.
Сите на свој начин извонредни. Приказните се оргинални, глумците се одлични, кинематографијата прекрасна. Филмови кои ќе ве изненадат со своите чудни правила на постоење.
Уживајте во овој филмски викенд и Среќна Нова Година!
Upside Down (2012)
Ова е еден од оние филмови што моментот кога ќе заврши имате потреба да го препорачате на некој, бидејки до толку е добар. Филм кој ќе се заслепи со својата волшебна убавина.
Најверојатно некогаш сте ја слушнале, дали во вистински живот или на филм, изреката: „Не можеме да бидеме заедно, ние сме од различни светови". Што прилично ја сумира врската помеѓу главните ликови, со тоа што се од ист свет, кој има двојна гравитација.
Тој е од долната сиромашна страна, а таа е од горната поекономски развиената страна. На почетокот на филмот се објаснува набрзинка како се тоа функсионира, верувам дека ќе сакате да го гледате тој дел повторно одкако ќе заврши филмот.
Приказната започнува кога се запознаваат како деца, некаде каде што планините меѓу двете страни се доволно блиску за да можат да разговараат и да се гледаат, превртени однаопаку.
Но, поради една несреќа, поминуваат многу години без да се видат, но кога тој ќе открие дека таа е жива, ќе ја победи гравитацијата за да биде со неа.
Навистина извондредна љубовна приказна, сместена во еден бајковито волшебен свет. Ефектите се одлично направени па лесно ќе пропаднете во тој свет.
Режија: Juan Diego Solanas
Глума: Kirsten Dunst, Jim Sturgess
Cloud Atlas (2012)
Филм кој раскажува 6 паралелни приказни, кои се случуваат на планетата Земја, во период што се растегнува низ 1800 години.
Секоја сцена е скокање од една приказна во друга, имаме безброј ликови, сите комплетно карактерно оформени, сите важни за расплетот на големата приказна, а имаме само десетина актери кои ги глумат сите тие ликови.
Прекрасно склопен филм, еден од ретките научнофантастични филмови што тотално ме изненади во формата и приказната. Се трудам што помалку да кажам за содржината како би имало повеќе простор за вашата сопствена интерпретација.
Најверојатно ќе ве остави со подзината уста, можеби и малку лути. Ќе се чувствувате дека ви недостигаат уште објаснувања, ќе се чуствувате изгубени и прелажани.
Но, филмот ќе ви остане во глава, ќе ве тера да размислувате за паралелни светови, пеперутка ефектот, постоењето на душа, реинкарнација, крајот на светот, консумеризмот.... и се разбира на љубовта.
Филм кој ќе ве замисли и ќе ве натера да разговарате. Се надевам дека ќе издржите да го догледате до крај, бидејки крајот го заокружува филмот.
Режија: Tom Tykwer, Andy Wachowski, Lana Wachowski
Глума: Tom Hanks, Halle Berry, Hugh Grant, Doona Bae, Susan Sarandon, Ben Whishaw
Looper (2012)
Како последен предлог за оваа недела, ви давам една брза научно фантастична акција со која сигурно ќе се забавувате.
Приказната е изненадувачки свежа и интересна за гледање, најмногу бидејки очекувате просечна акција. Лупер е професија, поточно убиец за пари, но тој убива само луѓе што се пратени од иднината.
На овој начин, мафијата од иднината извршува убиства, и нема докази за нив бидејки нема тела. А убиецот само треба да убие и да се ослободи од тело што никогаш и не припаѓало во ова време.
Кога договорот е раскинат, мафијата од иднината го враќа убиецот од иднината, да биде убиен од сам себе во минатото. Знам дека звучи комплицирано, но навистина не е.
Џозеф Гордон Луит е одличен како младата верзија на Брус Вилис, ги има и микро експресиите на Брус Вилис. Дијалозите се брзи и со доза на сув хумор.
Можеби ќе се чуствувате дека не ви се сите филмски сетила задоволени, но оваа идеа за патување низ времето поради криминални цели е фанастично скопена.
Филм за релаксирање и уживање по дома, а најубаво би се конзумирал во друштво.
Режија: Rian Johnson
Глума: Joseph Gordon-Levitt, Bruce Willis, Emily Blunt
И.Т. | Црнобело