Филмови кои со нетрпение ги очекуваме оваа есен (IV дел)
Оваа есен/зима нè очекува богата селекција на филмови кои допрва треба да се појават на големото платно.
Стигнавме до четвртиот дел кои треба да ја доживеат премиерата во месец ноември и почетокот на декември.
31. Skyfall
Бидете подготвени да бидете протресени, а не промешани по 23ти пат. Даниел Крег се враќа како 007. Хавиер Бардем е негативецот, Ралф Фајнс е владин агент, Француската убавица Беренис Марло и Британската убавица Наоми Харис се Бонд девојки.
32. Anna Karenina
Кира Најтли се обединува со режисерот на Atonement Џо Рајт за да ја игра улогата на руската аристократка од 19тиот век која се заљубува во грофот Вронски (Арон Џонсон). Во актерската екипа, меѓу другите се и Џуд Ло и Емили Вотсон. Филмот излегува на 16ти ноември.
33. Rust and Bone
Оскаровката Марион Котилард глуми во оваа Француско-Белгиска драма како тренер на кит-убиец која се вљубува во еден маж (Матијас Шоенартс), кој се враќа во Антибес за да биде со неговото семејство. А, една страшна несреќа ги зближува се повеќе. Филмот излегува на 16ти ноември.
34. Lincoln
Аларм за Оскар! Под режисерската палка на Стивен Спилберг, Даниел Деј Луис го игра шеснаесетиот претседател на САД. Епската драма се фокусира на крајот на Граѓанската војна и последниот месец од неговиот живот, а во филмот се појавуваат и Сали Филд, Џон Хокс, Џозеф Гордон-Левит, Џаред Харис, Џеки Ерл Хејли, Томи Ли Џонс и Ли Пејс. Треба ли нешто да додадеме? Филмот излегува на 16ти ноември.
35. The Twilight Saga: Breaking Dawn Part 2
Плачењето може да започне. Ни изгледа како да беше вчера кога Роберт Патинсон и Кристен Стјуарт за прв пат ни ги украдоа срцата во улогите на Едвард и Бела. Петтата епизода од вампирската сага го означува крајот на блокбастер-адаптацијата на серијата бестселери на Стефани Мејер. Затоа, да ги тргнеме нашите умови од скандалот со мамење и да си поминеме убаво на последното патување во Форкс, Вашингтон. Филмот излегува на 16ти ноември.
36. Red Dawn
Крис Хемсворт и Џош Хачерсон глумат во овој римејк на истоимениот акционен филм од 1984год за група средношколци кои се обединуваат за време на Третата светска војна за да се борат против воените сили од Северна Кореја кои го напаѓаат нивното мало гратче. Синот на Том Круз и Никол Кидман, Конор Круз, ја има својата прва голема улога во овој филм. Филмот излегува на 21 ноември.
37. Life of Pi
Анг Ли ја режира адаптацијата на најдобриот фиктивен акционен роман за еден индиски тинејџер (Сурај Шарма) кој е заробен на еден сплав за спасување заедно со бенгалски тигар цели 227 дена. Филмот излегува на 21ви ноември.
38. Silver Linings Playbook
Ова е првиот од двата нови филма во кои глумат Бредли Купер и Џенифер Лоренс. Овде, актерот од Hangover има улога на маж кој запознава една проблематична млада жена (Лоренс) додека се обидува да се смири со неговата бивша сопруга откако е отпуштен од ментална институција. Филмот излегува на 21ви ноември.
39. Rise of the Guardians
Ух-ох! Дедо Мраз (Алек Болдвин), Велигденското зајаче (Хју Џекмен) и Забната Самовила (Ајла Фишер) се спојуваат заедно со Џек Фрост (Крис Пајн) за да го спасат светот од Кралот на кошмарите, т.е. Плашилото (Џуд Ло). Анимираната 3Д авантура е базирана на серијата книги на Вилијам Џојс The Guardians of Childhood. Филмот излегува на 21ви ноември.
40. Playing for Keeps
Џерард Батлер е поранешна спорстка ѕвезда, кој е тренер на фудбалскиот тим на неговиот син и е во романтична врска со една девојка од соседството (Џесика Бил). Добива шанса да стане спортски новинар за ESPN. Џуди Грир има и секси-моменти заедно со Батлер. Филмот излегува на 7ми декември.
Останатите може да ги погледнете тука.