Филмски предлози од „Браќа Манаки“
Во сабота започнува филмскиот фестивал Браќа Манаки по 33ти пат. Се очекуваат 150 странски и 300 македонски гости во Битола.
Благодарение на официјалниот партнер Вип оператор, и оваа година ќе уживаме на високо ниво во филмскиот избор.
Ние одбравме 5 филмови од официјалната програма кои веруваме дека ќе го задржат вниманието на публиката:
1. Трето полувреме
Шпиц е германски евреин, тренер на историскиот македонски фудбалски тим што во текот на Втората Светска Војна, под негово водство, стана шампион на Националната фудбалска лига, контролирана од фашистите. Вистинска приказна...
2. Балканот не е мртов
Годината е 1905. Европа во времето на Бел Епок. Европјаните ентузијастички го отпоздравуваат новиот век, ја поздравуваат новата епоха што конечно ќе го обедини стариот континент... Истовремено, далеку на Балканот се распаѓа големата Отоманска Империја...
3. Ова мора да е тоа место
Шајен, остарена рок-
4. Реалност
Лучано е неаполски сопственик на рибарница, кој го дополнува својот скромен буџет со тоа што прави мали далавери заедно со жена му Марија. Допадлив, забавен дечко, еден ден неговото семејство го наговара да се обиде да влезе во Големиот Брат. Додека трча по својот сон, неговата перцепција за реалноста почнува да се менува…
5. Да се живее
Студена руска провинција. Една мајка сака повторно да ги најде своите близначки. Млада двојка се венчава во црква, но веднаш по церемонијата, Господ – или можеби Ѓаволот, или можеби слепата судбина, ја тестира нивната љубов на најбрутален начин. Едно момче сака да се види со неговиот отуѓен татко, и покрај насилното негодување на неговата мајка. Сите овие ликови поминуваат низ своја сопствена голгота…
Останатиот дел од програмата може да го погледнете на следниот линк: http://www.manaki.com.mk