Филмски викенд: Вонземјани, Вселена, Месечина
За овој викенд ви спремивме три лесни филмчиња што жанровски се научно фантастика, но се исполнети со акциони моменти.
Денес е тешко да се најде квалитетен научно фантастичен филм. Некако Холивуд не се ни труди да направи добра приказна, оставаат многу дупки во сценаријата, и повеќе се концентираат на компјутерските ефекти.
Но, тоа нека не ве спречува да одберете еден од понудените предози и да се релаксирате.
Уживајте во овој филмски викен!
Супер забавно филмче со едноставна и брза приказна.
Ќерката на претсетаделот на Америка оди во посета на најобезбедениот затвор, што се наоѓа надвор во вселената каде затворениците се замрзнуваат (или
нешто слично).
Се разбира за време на нејзината посета, затворениците ќе успеат да се ослободат и тука станува интересно.
Претседателот и неговата екипа му понудуваат на Сноу единствена шанса да се ослободи од обвиненијата ако оди во затворот и ја спаси девојката.
Признавам приказната не е нова и оргинална, но затоа остатокот од дијалозите се интересни.
Овој филм го препорачувам на било кој.
Глума: Guy Pearce, Maggie Grace
Во 1873 некаде по пустините во америка, во времето на дивиот запад, вселенски брод доага и почнува да ја уништува земјата (барем мислам дека тоа им беше целта, никогаш не се објасни детално).
На наша страна се само каубојците и локалното население.
Приказната е позната, и најверојатно веќе гледана во случна постава, единствена разлика е дека тука каубојците го водат нападот.
Исполнето со акција и компјутерски ефекти, овој филм не е ремек дело, но ќе ви ја пополни вечерта ако немате што друго да правите.
Глума: Daniel Craig, Harrison Ford, Olivia Wilde
Последните 70тина години нацистите се криеле на темната страна од месечината, се подготвувале и граделе армија.
Сега се подготвени за напад, спремни се за четвртиот рајх.
Филмот е снимен како пародија, ја исмева моменталната политичка ситуација во светот, има многу референци кон други филмови и супер интересни акциони сцени и компјутерски ефекти.
Немојте да помислите дека овој филм го промовира нацистичкото движење, туку напротив, го исмејува.
А најинтересниот дел е што е тотално нереално, па ви останува само да гледате одлична приказна и да се смеете.
Глума: Julia Dietze, Peta Sergeant, Udo Kier
И.Т. | Црнобело