Филмски викенд: Криминални акции
Сакам добра акција, но најчесто тоа што е класифицирано како акција мене ми доага како комедија. Мислам да, многу е реално да човек излезе од кола...
...која се движи 200 на саат, да застане и да почне да пука со неверојатна прецизност и да го сотре непријателот.
Или пак Том Круз при пад од зграда да се сврти и да почне да пука. На таквите сцени можеш само да се изнасмееш слатко.
Затоа за овој викенд ви подготвивме крими акции што ги имаат тие задолжителните бркотници и пукања, но имаат и интересна приказна.
Се надевам дека барем еден од понудените ќе ви го фати вашето внимание.
Уживајте во овој филмски викенд!
Одличен филм со кој можете да го започнате овој акционенен викенд. Ако сакате посебно да се изненадите од филмот, како што ми се случи мене, тогаш најубаво е да не го гледате трејлерот и да ми верувате само на моите зборови.
Бидејки во трејлерот се раскажуваат некои детали кои се поинтересни ако првпат ги дознаете при самото гледање (дури беше прогласен за еден од полошите трејлери во годината).
Но, да се навратиме на самиот филм. Оваа криминална драма ме изненади најмногу поради фактот дека одлично ги искомбинира акциските елементи како пукањето и тепањето со длабочината и пресвртите во сценариото. Да не ја спомнам одличната актерска екипа.
Ричард Гир е фантастичен како полу пензиониран ЦИА агент, а Топер Грејс го игра младиот и неискусен ФБИ агент.
Двајцата заедно се на задача да го најдат најнемилосрдниот убица кој оперира по Европа и Америка послените 30тина години.
Глума: Richard Gere, Topher Grace, Martin Sheen
Уште еден филм кој оперира во американските владини агенции, т.е. ЦИА. Иако Мет е дел од организацијата, тој ја има најдосадната работа во светот, а живее во еден од најлудите градови во светот.
Тој е бебиситерка на "сигурна" куќа, што најчесто се користи за чување на сведоци или криминалци, кога ЦИА несака да си има работа со локалната власт. После долги 12 месеци без ниеден гостин во куќата, по наредба му доагаат агенти кои сакаат да го скријат и испрашуваат Тобин Фрост.
Тој е поранешен агент, со сатус на супер ѕвезда, но се свртил кон криминалните активности. Но кога неговата куќа ќе ја нападнат, тој почнува да бега и да пробува да си го спаси својот и животот на Тобин
Фрост. Многу возбудливи акциони сцени, од брканици со кола, до пукања и тепање.
Овој филм има се што треба за одлична акција. А тоа што скоро сите што се појавуваат во филмот се познати актери, не штети.
Го препорачувам на сите бидејки приказната е лесна за пратење и дејствието се одвива многу брзо, нема да почуствувате дека сте потрошиле саатипол на филмов.
Глума: Denzel Washington, Ryan Reynolds
Како последен филм го избрав овој бидејки главните ликови се наоѓаат на другата страна од законот.
Џон бил еден од најуспешните шверцери во својот град, но откако се оженил го оставил тој живот позади себе и сега работи само легални работи. Но кога братот на неговата сопруга ќе уништи една зделка со најопасниот дилер на дрога, Џон повторно ќе влезе во тој криминален свет за да заработи доволно и да го исплати неговиот долг.
Мене ми беше интересен филмот бидејки првпат гледав како поморски се шверцува роба.
А посебно ми беше интересно како се развиваше приказната и како се расплеткуваа односите меѓу сите инволвирани странки.
Можеби не е толку брз и енергичен како предходните два филмови, но приказната е позаплеткана и надоместува за недостатокот на акција.
Во секој случај мислам дека нема да згрешите ако го одберете да го гледате.
Глума: Mark Wahlberg, Giovanni Ribisi, Kate Beckinsale
И.Т. | Црнобело