10 филмови кои ќе ви дадат утеха кога минувате низ тежок период
My Neighbor Totoro кој ќе ве врати во безгрижните детски денови или Amélie кој ќе ве натера да ширите љубов.
Кога тагуваме и главно минуваме низ тежок период, во ред е да ги почувствуваме лошите емоции.
Но, треба да си дозволиме и барем да се обидеме да се чувствуваме подобро.
За таа цел, секогаш од помош можат да ни бидат филмови со топли и емотивни приказни кои ја враќаат надежта за подобро утре.
10 филмови кои ќе ви дадат утеха во тешките денови:
Maudie
Maudie е биографска драма снимена според животот на уметницата Мод Луис од Канада.
Мод страда од артритис и работи како куќна помошничка кај режисер, а во слободно време слика.
Кога нејзината уметност почнува да се прославува, режисерот ја запросува.
Yes Man
Со Џим Кери во главната улога, Yes Man е лесна и забавна комедија што сигурно ќе ве расположи.
Главниот лик е Карл, осамен маж кој се зачленува во програма за самопомош.
Овде добива предизвик да кажува „да“ на секоја можност, во период од една година, па животот му тргнува во сосема друга насока.
The Secret Life of Walter Mitty
Волтер Мити е најобичен маж со здодевен живот, но мошне бујна имагинација.
Кога сфаќа дека може да го изгуби работното место, се осмелува да тргне на авантура каква што не може ни да си замисли.
Главната улога му припаѓа на Бен Стилер.
Coco
Некои анимирани филмови имаат моќ да нè расположат и во најтешките денови.
Главниот лик во Coco е Мигел, дете кое станува да стане познат музичар, како неговиот идол.
Но, сосема случајно завршува во земјата на мртвите и треба да најде начин да се врати назад.
50/50
Снимен според вистинска приказна, филмот се фокусира на 27-годишен маж кој добива дијагноза за рак.
Лекарите му прогнозираат дека шансите за преживување му се 50-50, и додека се справува со болеста, како одново да го засакува животот.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





