Потекнува од „обично“ семејство, нема искуство со глума: Кој е 15-годишниот актер кој „растури“ во серијата Adolescence?
Немал скоро никакво искуство со глума
Пред да ја добие улогата во серијата, Овен Купер немал никакво искуство со глума, освен што членувал во локален театарски клуб.
Бидејќи отсекогаш сакал фудбал, вели дека сонувал да стане фудбалер.
„Имам постари браќа кои се електричари, мајка ми е негувателка, а татко ми работи во ИТ индустријата. Па, немам поим од каде ми е талентот за глума.
Првпат почнав да размислувам за актерска кариера пред година-две. Во детството сакав да бидам фудбалер“, изјави актерот во интервју за Variety.
Ја добил улогата по само една аудиција
Колегите од серијата неколкупати го имаат пофалено младиот актер, додека креаторите открија дека само еднаш ја изгледале снимката за неговата аудиција.
Овен, пак, вели дека глумата му била само хоби и ни самиот не знаел зошто почнал да го посетува локалниот театарски клуб.
„Кога почнав да одам, ми се допадна. Потоа направив видео за аудиција за Adolescence и така почна сè.
Имав часови по глума само еднаш неделно, но тоа ми беше хоби и не очекував ништо повеќе“.
Режисерот на серијата вели дека ретко се раѓа талент како Овен.
„Актерите вежбаат со години и не можат да го совладаат она што го направи Овен.
Сум работел со многу актери и како режисер можам да кажам дека многу од нив не можат да глумат како него. А, тој како да не е ни свесен за тоа“.
Кога ја добил улогата, морал да го балансира снимањето со часовите на училиште
Најголем предизвик за Овен било да не губи часови додека ја снима серијата.
„Дел снимавме во лето, но не целата серија.
Кога снимавме во текот на школската година, имаше тутор на сетот. Па, меѓу снимањата, работевме заедно на учебниот материјал“.
Веќе доби улоги во други проекти
Овен веќе работи на друга мини-серија – Film Club – која треба да почне да се прикажува годинава.
Исто така, доби и улога во нова адаптација на книгата „Оркански височини“ од Емили Бронте.
Тој ќе ја глуми помладата верзија на главниот лик Хитклиф, а во филмот улога има и Марго Роби.
Овен скромно изјави дека ја добил улогата благодарение на едниот од креаторите на Adolescense – Стивен Греам.
Имено, креаторот го предложил Овен за улогата во филмот и ја доставил првата епизода од Adolescence, како доказ за неговиот талент.
И, од продукцијата на филмот веднаш го викнале за улогата.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





