Потекнува од „обично“ семејство, нема искуство со глума: Кој е 15-годишниот актер кој „растури“ во серијата Adolescence?
„Моите браќа се електричари, мајка ми е негувателка, а татко ми работи во ИТ индустријата, па немам поим од каде ми е талентот за глума“, скромно изјави 15-годишниот актер од Adolescence („Адолесценција“) на кого му предвидуваат блескава кариера по хит серијата на Нетфликс која го освои светот.
Од премиерата на 13-ти март 2025-та, серијата Adolescence ја изгледале над 24 милиони претплатници на Нетфликс и моментално е најпопуларна на стриминг платформата.
Серијата, која има само четири епизоди, се фокусира на убиството на ученичка и 13-годишното дете кое е обвинето за злосторството.
Мини-серијата опфаќа теми како токсична мажественост, булинг и проблемите со коишто се соочуваат денешните основци и средношколци, во ерата на социјалните мрежи.
Не е снимена според вистински настан, но креаторите биле инспирирани од зачестените случаи на насилство помеѓу учениците, особено машките, во средните и основните училишта.
Но, покрај чувствителната тема, успехот на серијата во голема мера се должи и на главната ѕвезда – актерот Овен Купер кој го глуми 13-годишното момче обвинето за убиство.
15-годишниот актер маестрално го одигра својот лик и сите што ја изгледаа серијата, веќе му предвидуваат блескава кариера.
Што знаеме за талентираниот млад актер?
Потекнува од најобично семејство
За разлика од повеќето деца актери кои имаат некакви конекции во филмската индустрија, Овен потекнува од најобично семејство во Англија.
Има двајца постари браќа, на возраст од 20 и 30 години, мајка му е негувателка, додека татко му работи во ИТ индустријата и живеат во британскиот град Ворингтон.
Никој од неговото семејство немал покажано ни интерес за глума, па Овен самиот е заслужен за успехот што го стекна на само 15-годишна возраст.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





