10 филмови од 2024-та кои се фаворити за Оскар
Второто продолжение на Dune се очекува да освои уште повеќе статуетки од првото, додека сите зборуваа Gladiator II уште откако излезе првиот трејлер.
Доделувањето на Оскари 2025 ќе се одржи во март, а за наградите ќе се борат најдобрите филмови од изминатата, односно 2024 година.
Филмовите кои ќе добијат номинација за Оскар ќе бидат соопштени на 17-ти јануари, но секако, веќе има фаворити за секоја од категориите.
10 филмови кои се фаворити за главната награда – најдобар филм:
Anora
Анора е млада жена од Бруклин која е сексуална работничка.
Таа се вљубува во син на олигарх со кого и стапува во брак.
Но, кога неговите родители дознаваат за бракот, тргнуваат кон Њујорк за да го поништат.
Conclave
Главниот лик е кардинал кој добива важна задача – да биде дел од избирањето на новиот папа.
Додека во Ватикан пристигаат најмоќните религиски лидери од светот, кардиналот открива низа мрачни тајни кој можат да ја уништат Римокатоличката црква.
Emilia Pérez
Уникатниот спој на мјузикл и трилер се фокусира на адвокатка која добива несекојдневна понуда.
Таа треба да му помогне на моќен наркобос да се пензионира, но и да се претвори во жена – желба што ја потиснувал целиот живот.
The Brutalist
Историската драма се фокусира на фиктивен лик – евреин кој го преживеал холокаустот и се преселил во САД.
Овде, тој пробува да си го оствари „американскиот сон“, но безуспешно, сè додека не сретне еден богат маж.
Gladiator II
Долгоочекуваното второ продолжение на Gladiator опфаќа настани по смртта на Максимус (гладијаторот од првиот дел).
Главниот лик е Лусиус кој е присилен да се бори во Колосеумот, откако неговиот дом е опустошен од римската војска.
Сега, тој бара одмазда.