10-те најдобри хорор серии на Нетфликс (кои ќе ве подготват за Halloween)

From

Главниот лик е Бојд, маж кој живее во гратче во Америка од каде што никој не може да си замине.

Тој, заедно со локалците, пробува да најде начин да ги открие тајните на градот, но и да си замине од него.

October Faction

Главните ликови се Фред и Делорис кои се ловци на чудовишта, и нивните деца тинејџери.

По смртта на таткото на Фред, тие се враќаат во Њујорк каде што мораат да ги скријат своите вистински идентитети, но и да се справат со низа (натприродни) проблеми.

The Midnight Club

Дејството е сместено во куќа со мистериозно минато каде што се состануваат членовите на такнаречениот „Полноќен клуб“.

Овде, тие раскажуваат страшни приказни, но и бараат докази за постоењето на натприродното.

The Mist

Снимена според истоимената книга на Стивен Кинг, ликовите во The Mist се соочени со мистериозна магла.

Откако сфаќаат дека маглата крие и нешто смртоносно, неколку групи луѓе се заробени со трговски центар, црква и болница од каде не можат да заминат.

Santa Clarita Diet

Со Дру Баримор во главната улога, Santa Clartia Diet е комбинација од комедија и хорор.

Главните ликови се Џоел и Шила чиј живот драстично се менува откако Шила доживува трансформација и се претвора во натприродно бите кое сака да јаде човечко месо.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 одлични психолошки трилери од 2020-тите што можеби сте ги пропуштиле Ако сакате да ја видите мрачната страна на Лондон во 1960-тите, изгледајте го La...
10 (мини) серии на HBO Max, совршени за продолжен викенд Српската „Сабља“ или The Penguin за оние кои ја сакаат помрачната верзија на Бет...
Амнезија, заменети бебиња: „Омилените“ клишеа од сапуниците со кои пораснавме „Кога одеднаш ќе се појави сестра или брат за кои никој не знаел. Уште полошо ак...
10 мрачни серии на Нетфликс (се гледаат во еден викенд) Ако сакате фантазија, веруваме ќе ви се допадне јужнокорејската серија Hellbound...
10 мини-серии на Нетфликс што се гледаат во еден викенд Љубителите на хорор треба да ја изгледаат The Fall of the House of Usher, додека...
Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg